Blue Öyster Cult
Blue Öyster Cult | |
---|---|
Blue Öyster Cult на Wacken Open Air во 2016 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Стоуни Брук, Лонг Ајленд, Њујорк |
Жанрови |
|
Период на активност | 1967–1986, 1987–денес |
Издавачи | |
Соработници | |
Мреж. место | blueoystercult.com |
Blue Öyster Cult (транскрипција: Блу ојстер калт; понекогаш скратено како BÖC или BOC) ― американска рок-група основана на Лонг Ајленд во Њујорк, во 1967 година. Групата продала 25 милиони плочи во светски рамки.[1] Со спојот на хард-рок и психоделчната музика, заедно со склоноста кон окултни, фантастични и саркастични стихови, групата имала големо влијание врз хеви-метал музиката.[2] [3] [4] Групата е позната по мејнстим хитовите: „(Don't Fear) The Reaper“ (1976) и „Burnin' for You“ (1981), но и покрај тоа што имале култни следбеници не успеале да забележат позначителен комерцијален успех. Групата брзо го прифатила форматот на музичко видео, а нивните спотови биле често ротирани на МТV во нејзините први години.
Историја
[уреди | уреди извор]Почетоци (1967-1971)
[уреди | уреди извор]Групата Blue Öyster Cult била основана во 1967 година под името Soft White Underbelly (име кое групата повремено го употребувала во 1970-тите и 1980-тите на мали клубски свирки низ Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство).[5] Групата била создадена од музичкиот критичар и менаџер на групата, Сенди Перлман. Тој сакал да направи американски пандан на групата Блек Сабат. Оригиналната постава на групата се состоела од гитаристот Доналд Розер, тапанарот Алберт Бушар, клавијатуристот Ален Ланиер, пејачите Џеф Кагел (познат како Кришна Дас) и Лес Браунштајн и басистот Ендрју Винтерс.[6]
Името на групата потекнувало од описот на Винстон Черчил за фашистичка Италија како „најмекиот дел од Оската“.[7]
Перлман бил важен за групата, тој успевал да им закажува свирки и им обезбедил договори за снимање со Електра и Колумбија.
Пејачот Браунштајн ја напуштил групата Soft White Underbelly во пролетта 1969 година.[7] По неговото заминување Електра го одложила објавувањето на нивниот прв албум на кој тој пеел.
Ерик Блум бил ангажиран од групата за нивен акустичен аранжер. По низа неверојатни случајности, тој на крајот го заменил Браунштајн како главен пејач на групата.[8]
По лошиот настап на „Шоуто на Филмор Ист“ во 1969 година, Перлман го сменил името на групата, прво во Oaxaca, а потоа во Stalk-Forrest Group. Перлман, исто така, им дал естрадни имиња на членовите од групата (Џеси Пајтон за Ерик Блум, Енди Панда за Енди Винтерс, Принс Омега за Алберт Бушар, Ла Верн за Ален Ланиер), а Бак Дарма го задржал неговото име.[9] Групата за Електра снимила доволно материјал за да објават уште еден албум, но бил издаден само еден сингл („What Is Quicksand?“ / „Arthur Comics“). во промотивно издание од 300 примероци.
По уште неколку привремени имиња на групата, во 1971 година групата се определила за Blue Öyster Cult.
Њујоршкиот продуцент Дејвид Лукас, ја видел групата како настапува и ги поканил членовите во неговото студио за да снимат неколку композиции. Продуцираните четири демо-снимки, со кои Перлман успеал на преименуваната група да ѝ овозможи уште една аудиција со Columbia Records. Групата потпишала договор со со издавачката куќа. Винтерс ја напуштил групата и бил заменет со братот на Бушар, Џо Бушар.
Црно-бели години (1971-1975)
[уреди | уреди извор]Нивниот прв албум Blue Öyster Cult бил издаден во јануари 1972 година, со црно-бела корица дизајнирана од уметникот Бил Гавлик. Албумот ги содржел песните „Cities on Flame with Rock and Roll“, „Stairway to the Stars“ и „Then Came the Last Days of May“. Албумот се продавал добро, а Blue Öyster Cult имале турнеи со музичари како: Byrds, Mahavishnu Orchestra и Алис Купер.[10]
Нивниот следен албум Tyranny and Mutation, објавен во 1973 година, бил напишан додека групата била на турнеја за нивниот прв албум. Содржел песни како: „The Red and the Black“ (ода за Кралската канадска коњичка полиција и препев на „I'm on the Lamb But I Ain't No Sheep“ од нивниот прв албум, а исто така се однесува и на истоимениот роман од Стендал), „Hot Rails To Hell“ и „Baby Ice Dog“, првата од многуте соработки на групата со Пети Смит.
Третиот албум на групата, Secret Treaties (1974)[11] добил позитивни критики. На него биле песните: „Career of Evil“ (ко-напишана од Пети Смит), „Dominance and Submission“ и „Astronomy“. Албумот го продолжил нагорниот тренд на продажба и на крајот станал златен.[12]
Затоа што сите три албуми од групата имале црно-бели обвивки, овој период од историјата на групата бил наречен „црно-бели години“ од обожавателите и критичарите.[13]
Успех (1975-1981)
[уреди | уреди извор]Првиот албум во живо на групата, On Your Feet or on Your Knees (1975), станал златен, а една година подоцна бил издаден албумот Agents of Fortune (1976), кој подоцна стана платинест. Албумот ја содржел песната „(Don't Fear) The Reaper“, која се искачила на дванаесетото место на топ-листата од Билборд. Албумот содржел и други успешни нумери: „(This Ain't) The Summer of Love“, „ETI (Extra-Terrestrial Intelligence)“ и „The Revenge of Vera Gemini“. За време на турнејата за поддршка на овој албум, групата користела ласери во нивното светлосно шоу.[14]
Нивниот следен албум, Specters (1977), го содржел радио-хитот „Godzilla“ и станал еден од најпродаваните албуми на групата. Други добро познати песни од овоја албум биле: „I Love the Night“ и „Goin' Through the Motions“.
Групата потоа издала уште еден албум во живо, Some Enchanted Evening (1978). Иако бил замислен како уште еден двоен албумво стилот на On Your Feet or on Your Knees, Колумбија инсистирала тој да биде компресиран во големина на обичен албум. Албумот имал огромен комерцијален успех и станал најпопуларен албум на Blue Öyster Cult. Бил продаден во над два милиони копии.
Следувал студискиот албум Mirrors (1979). Mirrors, за разлика од претходните албуми не бил продуциран од Сенди Перлман (кој станал менаџер на Блек Сабат) и Мареј Кругман, а Blue Öyster Cult за продуцент го избрале Том Верман, кој претходно работел со изведувачи како Cheap Trick и Тед Нуџент. Тоа било најдобро продуциран албум на групата дотогаш, но продажбата на албумот била разочарувачка.
Во 1980 година, групата го снимила албумот Cultösaurus Erectus со новиот продуцент Мартин Бирч. Албумот добил позитивни критики. Една од најзначајните песни од албумот била „Black Blade“. За поддршка на албумот, групата била на зедничка турнеја со Black Sabbath, наречена „Black and Blue“.
Бирч го продуцирал и следниот албум на групата, Fire of Unknown Origin (1981). Најголем хит од овој албум била песната „Burnin' for You“. Содржел и други песни кои биле омилени на нивните обожаватели, како: „Џоан Крафорд“ (инспирирана од книгата и филмот „Најмила мамо“) и „Veteran of the Psychic Wars“, уште една песна ко-напишана од Муркок. Неколку од песните биле напишани за анимираниот филм Хеви-метал, но само „Veteran of the Psychic Wars“ (која пак (иронично) не била напишана за фимот) всушност била искористена во филмот. По овој албум, Алберт Бушар се скарал со останатите членови од Blue Öyster Cult и ја напуштил групата, а Рик Дауни (поранешен светло-мајстор на групата) го заменил на тапани.
Пад на популарноста (1982-1989)
[уреди | уреди извор]Откако го напуштил групата, Алберт Бушар пет години работел на соло-албум заснован на поемата од Сенди Перлман „Imaginos“. Blue Öyster Cult го издале нивниот трет албум во живо, Extraterrestrial Live (1982).
Групата снимила нов албум со продуцентот Брус Ферберн, The Revölution by Night (1983). Најпопуларна песна од овој албум била „Shooting Shark“, напишана заедно со Пети Смит. По снимањето на албумот The Revölution by Night, Рик Дауни си заминал и ја оставил групата Blue Öyster Cult без тапанар.
Blue Öyster Cult повторно се обединила со Алберт Бушар за турнеја во Калифорнија во февруари 1985 година, неславно позната како турнеја „Алберт се враќа“. Ова обединување било привремено и предизвикало голема тензија помеѓу групата и Бушар, бидејќи тој мислел дека може да остане во групата подолг временски период. Бушар ја напушти групата по турнејата, како и Ален Лание, оставајќи ја групата без клавијатурист.
Blue Öyster Cult ги ангажирале тапанарот Џими Вилкокс и клавијатуристот Томи Звончек да го довршат албумот Club Ninja, кој бил слабо прифатен. Најпозната оригинална песна од албумот била „Perfect Water“. Додека членовите на групата генерално го омаловажуваат албумот во ретроспектива, Џо Бушар изјавил дека „Perfect Water“ (македонски: „Совршена вода“) е „совршен гениј“.[15]
По турнејата на групата во Германија групата ја напуштил и басистот Бушар, а во неа останале само два члена од класичната постава: Ерик Блум и Доналд Розер. Некои групата почнале да ја нарекуваат како „Two Öyster Cult“ во овој период. Џон Роџерс бил ангажиран како замена за Џо и оваа постава на групата ја довршила турнејата во 1986 година. По завршувањето на годината групата направила привремена пауза од снимање и турнеи. На почетокот на летото 1987 година, Blue Öyster Cult добиле понуда за турнеја во Грција и тие повторно се состанале. Вилкокс дал отказ, а Звончек бил отпуштен поради прекумерни финансиски барања. На Ален Ланиер му било понудено повторно да ѝ се придружи на групата, а тој се согласил. Во новата постава сега имало тројца основачки членови: Ланиер, Џон Роџерс кој се вратил на бас и Рон Ридл како нивен најнов тапанар.
Columbia Records не била заинтересирана за издавање на Imaginos како соло-албум на Алберт Бушар, и било договорено плочата да биде објавена во 1988 година од Columbia како албум од Blue Öyster Cult. Албумот не се продавал добро (и покрај позитивната рецензија во списанието Ролинг Стоун) и турнејата за промоција на албумот; издавачката куќа речиси воопшто не го промовирала албумот. Повеќето песни од албумот не се изведени во живо од групата барем од 1989 година.[16] Кога матичната компанија на Columbia Records CBS Records била купена од Sony и станала Sony Music Entertainment, Blue Öyster Cult биле исфрлени од издавачката куќа.
Промени во составот и нови турнеи (1990–2016)
[уреди | уреди извор]Групата го поминала поголемиот дел од 1990-тите на турнеи без да издаде албум со нов материјал. Тие придонеле со две нови песни за саундтракот од филмот Bad Channels, објавен во 1992 година, а исто така објавиле албум со повторно снимени песни од оригиналната постава на групата под наслов Cult Classic (1994). Во текот на овие години имало неколку промени во составот на групата. Рон Ридл дал отказ во 1991 година по што често се менувале тапанарите во групата, како: Чак Бурги (1991-1992, 1992-1995, 1996-1997), Џон Мичели (1992, 1995), Џон О'Рајли (1995-1996) и Боби. Рондинели (1997–2004). Што се однесува до бас позицијата, Роџерс си заминал во 1995 година и бил заменет со Дени Миранда.
На крајот од 1990-тите, Blue Öyster Cult обезбедиле договор за снимање со CMC Records и продолжиле со чести турнеи. Издале два студиски албума, „Heaven Forbid“ (1998) и Curse of the Hidden Mirror“ (2001).
Рондинели си заминал во 2004 година, а на негово место дошол Жил Радино. Истата година и Миранда ја напуштил групата за да стане басист на Квин + Пол Роџерс. Тој бил заменет со Ричи Кастелано, кој исто така повремено бил и главен вокал на сцената.
Ален Ланиер се повлекол од настапите во живо во 2007 година, а во декември 2008 година, Розер паднал по скали во својот дом во Флорида и го повредил рамото. Како резултат на тоа, турнеите во декември 2008 и јануари 2009 година биле откажани. Групата се вратила на настапите во есента 2009 година. Групата во 2012 година објавила дека Сарзо си заминал. Во септември 2012 година, пријателот на групата Расел Џеј Џонс ѝ се придружил како гитарист.
Основачкиот клавијатурист/гитарист Ален Ланиер починал од хронична опструктивна белодробна болест на 14 август 2013 година. [17]
Подоцнежни години (2017–денес)
[уреди | уреди извор]Во мај 2017 година, Блум потврдил дека има планови за издавање нов албум во 2018 година и дека групата разгледува понуди од повеќе издавачки куќи. Тој, исто така, изјавил дека поранешниот басист Дени Миранда ќе свири со групата до крајот на годината поради обврските на Султон на турнејата од Тод Рандгрен.[18]
Во август 2020 година, групата на својата веб-страница напишала дека нивниот петнаесетти студиски албум The Symbol Remains ќе биде објавен на 9 октомври 2020 година.[19] [20] Распонот од деветнаесет години помеѓу Curse of the Hidden Mirror и The Symbol Remains го означува најдолгиот јаз меѓу студиските албуми во кариерата на Blue Öyster Cult. Албумот имал позитивен прием од критичарите, а песните како „Box In My Head“ и „The Alchemist“ добиле високи оцени.[21]
На 12 април 2024 година, Blue Öyster Cult го издале нивниот шеснаесетти и последен студиски албум Ghost Stories.[22]
Членови
[уреди | уреди извор]Сегашни членови
- Бак Дарма – главна гитара, водечки и придружни вокали (1967–1986, 1987–денес)
- Ерик Блум – водечки и придружни вокали, клавијатури, синтисајзери (1969–1986, 1987–денес)
- Дени Миранда – бас, придружни вокали (1995–2004, 2017–сега)
- Ричи Кастелано – клавијатури, ритам гитара, дополнителна главна гитара, придружни и дополнителни водечки вокали (2007–денес), бас (2004–2007)
- Жил Радино – тапани, перкусии (2004–денес)
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Студиски албуми
- Blue Öyster Cult (1972)
- Tyranny and Mutation (1973)
- Secret Treaties (1974)
- Agents of Fortune (1976)
- Spectres (1977)
- Mirrors (1979)
- Cultösaurus Erectus (1980)
- Fire of Unknown Origin (1981)
- The Revölution by Night (1983)
- Club Ninja (1985)
- Imaginos (1988)
- Cult Classic (1994)
- Heaven Forbid (1998)
- Curse of the Hidden Mirror (2001)
- The Symbol Remains (2020)
- Ghost Stories (2024)
)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Blue Oyster Cult, Harrah's South Shore Room - Tahoe South“. Архивирано од изворникот на June 15, 2018. Посетено на November 12, 2017.
- ↑ Popoff, Martin (2004). Blue Oyster Cult: Secrets Revealed!. Simi Valley, CA: Metal Blade Records. стр. 181. ISBN 0975280708. OCLC 263055280.
- ↑ Bukszpan, Daniel (2003). The Encyclopedia of Heavy Metal. New York: Barnes & Noble Books. стр. 24. ISBN 0760742189. OCLC 51804645.
- ↑ „Blue Öyster Cult | Biography & History | AllMusic“. AllMusic. Посетено на September 29, 2017.
- ↑ „Soft White Underbelly, the Venue, 1981 – the Ticket Meister“. Архивирано од изворникот на September 26, 2017. Посетено на September 24, 2017.
- ↑ Berelian, Essi (2005). The Rough Guide to Heavy Metal. Rough Guides. стр. 41. ISBN 1-84353-415-0.
- ↑ 7,0 7,1 Max Bell (July 25, 2015). „The acid-dazed days of the band that became Blue Oyster Cult“. Classic Rock Magazine (англиски). Посетено на July 21, 2020.
- ↑ "Three Strokes of Fate", Living Legends Music interview (posted to YouTube on November 4, 2008) where Bloom explains three highly unlikely events that led to his joining the band and becoming their lead singer:
1) Being their amp salesperson at Sam Ash,
2) Telling one person where he was staying in NYC and getting the soundboard job offer, and
3) An upstate roadtrip which Lanier decided to join and got to hear Bloom's old band tapes as lead vocalist. - ↑ Popoff, Martin (2004). Blue Oyster Cult, Secrets Revealed!. Metal Blade Records, Inc. стр. 9. ISBN 0-9752807-0-8.
- ↑ Perry, Shawn. „The Eric Bloom Interview“. Vintagerock.com. Архивирано од изворникот на July 20, 2007. Посетено на September 23, 2010.
- ↑ „Blue Öyster Cult Concert and Interview (1975)“. Texas Archive of the Moving Image. Посетено на December 1, 2019.
- ↑ „Gold & Platinum - RIAA“. RIAA (англиски). Посетено на March 13, 2018.
- ↑ Brownfield, Troy (January 17, 2022). „50 Years Ago: Blue Öyster Cult Breaks Out“. The Saturday Evening Post. Посетено на April 7, 2024.
- ↑ „The History of BÖC“. Blue Oyster Cult.com. Посетено на September 14, 2008.
- ↑ Popoff, Martin (March 2009). „Club Ninja“. Blue Öyster Cult: Secrets Revealed! (2. изд.). Toronto, Ontario, Canada: Power Chord Press. стр. 218. ISBN 978-0-9752807-0-6.
- ↑ „Blue Öyster Cult Tour Statistics“. setlist.fm. Посетено на April 20, 2024.
- ↑ Allen Lanier of Blue Oyster Cult Dead At 66 | News | Music News. Noise11 (August 15, 2013). Retrieved on 2013-09-03.
- ↑ „Band Geek“. riotcast.com. Архивирано од изворникот на February 7, 2017. Посетено на January 31, 2017.
- ↑ „Blue Öyster Cult: The Symbol Remains New Album on Schedule for Fall Release“. Blueoystercult.com. June 26, 2020. Посетено на June 27, 2020.
- ↑ „Blue Öyster Cult Unveils Details Of First Album In Nearly Two Decades, 'The Symbol Remains'“. Blabbermouth.net. August 15, 2020. Посетено на August 16, 2020.
- ↑ Lawson, Dom (October 8, 2020). „Blue Öyster Cult: "The Symbol Remains"“. Blabbermouth.net. Посетено на October 9, 2020.
- ↑ „Legendary Rockers BLUE ÖYSTER CULT Bid Farewell To Their Recording Career With 'Ghost Stories'“. Blabbermouth.net. February 7, 2024. Посетено на February 7, 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Blue Öyster Cult — AllMusic (англиски)
- Blue Öyster Cult на Curlie (англиски)