Блоу аут (филм од 1981)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Блоу аут (англиски: Blow Out) - американски филм од 1981 година, во режија на Брајан де Палма, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Џон Траволта, Ненси Ален, Денис Франц, Питер бојден, Курт Меј, итн. Насловот на филмот „Blow Out“ е посвета на познатиот филм на Микеланџело Антониони, „Blow Up“ од 1966 година. Со текот на времето, филмот добивал сè поголеми пофалби од филмските критичари, при што многумина го сметаат за најдобар филм на де Палма, а Квентин Тарантино го смета за трет најдобар филм на сите времиња (по „Рио Браво“ и по „Таксист“).[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Џек Тери (го игра Траволта) е стручњак за специјални ефекти и поранешен полициски техничар. Случајно, тој е сведок на автомобилска несреќа при што од автомобилот што паднал во една река тој успева да ја спаси само жената. Подоцна дознава дека таа е проститутката Сели (ја игра Ален), додека мажот бил важен политичар, претседателски кандидат. Лентата со звуците што ги снимил за време на несреќата (за својата збирка на звуци од природата) го наведуваат да се посомнева дека несреќата не била случјна. Така, тој започнува сопствена истрага и притоа открива цела завера со многу злосторства, но воопшто не насетува за колку голема работа станува збор...<ref>IMDb, Blow Out (1981) (пристапено на 28.9.2017)</ref

Наводи[уреди | уреди извор]