Блендовска Пустина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Блендовска Пустина

Блендовска Пустина (полски: Pustynia Błędowska) – единствена пустина во Полска и една од петте природни пустини во Европа [1]. Лежи во Шлеското Војводство на југ на Полска, источно од местото Домброва Гурнича. Името го добила по најисточниот дел на овој град, Блендув. Некогаш многу поголема, денес нејзината површина изнесува 32 km² и постојано се намалува. Сепак сè уште најголема песочна област со природни дини во Средна Европа која не лепи на море.

Блендовската Пустина настанала во средниот век како последица на снижување на подземните води и заради специфичната геолошка структура. Слоевите песок се дебели 40 до 70 метра што го забрзало пресушувањето на земјиштето и изумирањето на шумите на тоа подрачје. Некогаш во Блендовската Пустина се јавувала фатаморгана [2]. Последните години како резултат на човековите дејности и последично растечките нивоа на подводните води, пустината се намалува.

Во текот на Втората светска војна, подрачјето било користено од германските воени власти и нивниот Африкански корпус за тестирање на опремата пред нивното одење во Африка[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rahmonov, Ojmahmad; Szczypek, Tadeusz; Wach, Jerzy. The Błędów Desert - A unique phenomenon of the Polish landscape. 39. ISSN 0132-3156. .
  2. Leńkowa Antonina. Oskalpowana Ziemia. 
  3. „Panzer II vs 7TP: Poland 1939“. 2015. стр. 80. ISBN 9781472808837.  Unknown parameter |prénom2= ignored (помош); Unknown parameter |éditeur= ignored (помош); Unknown parameter |prénom1= ignored (помош); Unknown parameter |nom1= ignored (помош); Unknown parameter |passage= ignored (помош); Unknown parameter |nom2= ignored (помош).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 50°21′22″ СГШ; 19°31′03″ ИГД / 50.35617° СГШ; 19.51762° ИГД / 50.35617; 19.51762