Фатаморгана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Фатаморганата е необичен и прилично комплексен вид на привидение, вид на супериорна илузија, која како и другите од тој вид се гледа во тесен опсег над хоризонтот. Иако терминот Фатаморгана е понекогаш погрешен во однос на општопознатите видови илузии, вистинската Фатаморгана не е иста како и обичната супериорна илузија, и секако, не изгледа како обична илузија.

Привиденијата фатаморгана правата огромно искривување на предметот или предметите на кои се засноваат, така што предметот се чини прилично необичен и дури може да се трансформира на начин што не би можел воопшто да се препознае. Фатаморгана може да се забележи на копно или во море, во поларните предели или во пустините. Овој вид на привидение ги вклучува речиси сите видови оддалечени предмети: бродовите, островите и крабрежјата како оние што се прикажани на фотографиите во прилог на оваа статија.

Фатаморганата не само што е комплексна, туку и брзо се менува. Привидението се состои од неколку превртени (наопаку) и исправени (десно горе) слики кои се наредени една врз друга. Привиденијата фатаморгана покажуваат наизменично збиени и верижни подрачја. Овој оптички феномен настанува бидејќи светлосните зраци се силно свиткани кога поминуваат низ воздушните слоеви на различни температури со огромна термичка инверзија каде што се формира атмосферски канал. (Термичка инверзија е атмосферска состојба каде што потоплиот воздух се наоѓа на слој кој е над слојот со значително постуден воздух. Ова температурна инверзија е обратна од нормалната; воздухот всушност е потопол кога е поблиску до површината, а постуден коа е повисоко).

При смирено време, слој од значително топол воздух може да биде над густиот студен воздух, формирајќи атмосферски канал кој делува како прекршени леќи, создавајќи серија од превртени и исправени слики. На Фатаморганата и е потребен канал за да може да постои; термичката инверзија не е доволна сама по себе за да го произведе овој вид на привидение. Додека термичката инверзија може да се појави и без да постои атмосферски канал, атмосферски канал не може да се појави без притоа да има термичка инверзија.

Проучување на Фатаморганата[уреди | уреди извор]


Фатаморганата е најчесто забележана во поларните предели, особено над големи плочи мраз коишто имаат постојано ниска температура. Меѓутоа, може да се забележи во речиси секоја област. Во поларните предели, Фатаморганата се појавува во релативно студени денови, но сепак и во пустините, над океаните и над езерата, Фатаморганата се појавува во топлите денови. За да го предизвика феноменот Фатаморгана, термичката инверзија мора да биде доволно силна така што кривината на светлосните зраци во инверзниот слој биде посилна отколку кривината на Земјата. Во вакви услови, зраците се искривуваат и создаваат лакови. Набљудувачот треба да биде во рамките или под атмосферскиот канал, за да може да види Фатаморгана. Фатаморгана може да се забележи од било која надморска височина на Земјината атмосфера, од нивото на морето до планинските врвови, па дури и од погледот од авион. Фатаморганата може да се опише како мошне комплексна супериорна илузија со повеќе од три искривени и превртени слики. Поради постојаните промени на состојбите во атмосферата, фатаморганата може да се смени на различни начини за само неколку секунди, вклучувајќи ја промената да стане отворена супериорна илузија. Сликата тука покажува шеснаесет фотографски рамки од привидение на Фаралонските острови забележана од Сан Франциско; сите слики се направени во ист ден. Во нормални услови, Фаралонските острови воопшто не можат да се забележат на ова место од нивото на морето, бидејќи се толку многу оддалечени така што се наоѓаат под хоризонтот. Во првите четиринаесет рамки, елементите на привидението Фатаморгана покажуваат наизменичност на збиени и верижни подрачја. Последните две рамки се фотографирани два часа подоцна, во периодот на зајдисонце. Во тоа време, воздухот беше постуден додека океанот веројатно беше малку потопол, што предизвикало термичката инверзија да не биде толку екстремна како до пред неколку часа. Привидението е сè уште присутно во тој момент, но не е толку комплексно како неколку часа пред зајдисонце: привидението повеќе не е Фатаморгана, туку прераснало во едноставна супериорна илузија. Привиденијата Фатаморгана се видливо со голо око, но за да можат да се видат и најситните детали во нив, најдобро е да се погледнат со двоглед, или како што е случајот со сликите тука, со фотографски леќи.

Етимологија: легендата за Морган ле Феј[уреди | уреди извор]


Италијанското име “Fata Morgana” е изведено од името на Морган ле Феј, која е познат и како Морген, Моргеин, Моргана и други варијанти. Морган ле Феј е опишана како моќна вештица и противник на кралот Артур и кралицата Гвиневар во легендата Артуриан. Како што покажува и нејзиното име, фигурата на Морган (ле Феј) првобитно се чини дека е самовила, наместо вистинска жена. Во раните остварувања Морган не се осврна на својата природа, освен што ја опиша својата улога како онаа на самовила или волшебничка. Подоцна беше опишана како жена, полусестра на кралот Артур и маѓепсница. По решавачката битка на кралот Артур во Камлан, Морган ле Феј го води својот полубрат Артур во Авалон. Во средниот век, предлозите за положбата на Авалон беа дека е подалеку од Глестонбери. Тие ги вклучуваат другата страна од Земјата на спротивните полови, Сицилија и други места на Медитеранот.

Легендите тврдат дека сирените околу Сицилија ги намамувале непретпазливите кон својата смрт. Морган ле Феј не се поврзува само со Етна, туку и со сирените. Во средновековниот романски Артуриан, Флориан е Флорет, таа е наречена “господарка на самовилите на соленото море”. Па, која е Морган ле Феј, што студираше магија, што живее на огнената Етна и во морето истовремено? За што друго е способна? Можеби таа е суштеството коешто ги создава бродовите што летаат над морето и никогаш не се доближува до брегот и златните замоци кои лебдат во воздухот над протоците на Месина коишто никој не бил способен да ги достигн? Замоците кои не се ништо друго освен оптичка илузија-привидение, или таа сама по себе е наречена привидение, Фатаморгана што би се рекло во Италија? Уште од тоа време, Фатаморгана се поврзува со Сицилија.

Лето, почетокот на јули, утрото мирно и прекрасно; ветриштата извонредно ги смирија страните на заливот – плимата го достигнува врвот и водите се издигнуваат до средината на каналот. Сонцето тукушто го надмина ридот позади Режо, и создаде агол од четириесет и пет степени на благородно пространство вода кој се протега пред градот. Ненадејно, морето кое ги измива Сицилијанските брегови претстави голем број темни планини, додека пак оние на Калабрискиот брег изгледаа како полирано огледало, кои го рефлектира и размножува секој предмет кои постои или се движи во Режо. Со додавање на повеќе од илјадници огромни пиластери, еднакви во висина, оддалеченост, како и степен на светлина и сенка. За момент тие губат половина од својата висина, се виткаат во засводени ходници, како оние на Римскиот аквадукт. Долг корниз беше формиран на врвот, а над него се издигнаа огромен број замоци, кои наскоро се поделија во кули, и набргу потоа во прекрасни колонади. Ним им успеа ширењето на прозорците; потоа борови и чемпреси и огромен број грмушки и дрвја: во позатемните места, “Пен или Силванис никогаш не спиеја; ниту пак нимфата или Фонас прогонуваа.” Оваа славна глетка остана прекрасна во целост додека сонцето не го одмина небото; тогаш исчезна пред да трепнеш; и наместо пиластери, шуми и колонади, ништо не требаше да се забележи, освен планините на Режо, Месина и прекрасно пространство вода, кое ги рефлектира своите култивирани површини, и добиток кој пасе на брегот.

Волтер Чарлтон, во неговата расправа од 1654 “Епикуро-Газендо-Карлтонијана физиологија”, посветува неколку страници за опис на познатата Моргана Реџио, во протокот Месина (Книга III, погл. II, пасус II). Toj забележува дека сличен феномен беше пријавен во Африка од Диодор Сикул, грчки историчар кој пишува во првиот век п.н.е. и дека Фатаморгана Реџио е опишана од Дамаск, грчки филозоф од шестиот век од н.е. покрај тоа, Чарлтон ни кажува дека Атанасиј Кирхер го опиша привидението Реџио во неговата книга на патувања.

Останува барем уште една мистерија за присуството на Фатаморгана во протокот Месина. Сè уште не се прикажани слики на интернет од феноменот. Дури и италијанската статија за Фатаморгана на Википедија користи слика од супериорна илузија на норвешкото крајбрежје. Дали тоа треба да значи дека Фатаморгана ги напушти бреговите на Месина и Реџио? Спомнувањето на терминот Фатаморганана на англиски, во 1818 се однесува на такво привидение забележано во протокот Месина, помеѓу Калабрија и Сицилија.

  • Фатаморгана : чудно привидение кое привремено се забележува на бреговите на протокот Месина, коешто локално и се припишува на самовилата Моргана. Оттука, метафорички, секоја илузорна појава. 1818 во планински предели, измама на видот, Фатаморгана, итн.



Познати легенди и проучувања[уреди | уреди извор]


Летечкиот Холанѓанец[уреди | уреди извор]


Главна статија: Летечки Холанѓанец
Летечкиот Холанѓанец, според фолклорот, е брод-дух што не може да си отиде дома, и е навек осуден да плови во океанот. Летечкиот Холанѓанец кој обично се забележува од далеку, некогаш изгледа како да свети налик дух. Како едно од можните објаснувања за потеклото на оваа легенда е привидението Фатаморгана забележано во морето.

Вестите набрзо се проширија низ бродот така што фантомски брод со екипа духови пловеше во воздухот врз фантомскиот океан, и дека тоа е лош знак, мислејќи дека ниту еден од нив не смее веќе никогаш да здогледа копно. На капетанот му беше кажана прекрасната приказна, и доаѓајќи на палубата, им објасни на морнарите дека оваа чудна појава е предизвикана од рефлектирањето на некој брод кој пловел на водата под оваа слика, но на таква оддалеченост од којашто не можат да го забележат. Постојат одредени услови на атмосферата, рече тој, кога сончевите зраци можат да формираат совршена слика во атмосферата на предмети на земјата, како сликите што некој ги гледа во чаша или вода, но не се воопшто исправени, како во случајот со овој брод, туку обратно-со долната страна нагоре. Оваа појава во воздухот се нарекува привидение. капетанот рече морнарот да се качи на јарболот и да погледне позади фантомскиот брод. Човекот го послуша и соопшти дека може да види привидение на водата, под бродот во воздухот, кое е баш како опишаното. Во исто време друг брод беше забележан во воздухот, само што овој беше пароброд и беше со долната страна нагоре, како што кажа капетанот дека се појавуваат овие привиденија. Набргу, парабродот сам по себе се појави. Морнарите овојпат беа убедени и никогаш потоа не веруваа во фантомски бродови.

Објаснувајќи го феноменот на својата екипа, капетанот би можел попрецизно да го користи зборот прекршување наместо рефлексија, бидејќи рефлексијата е резултат на ефектот на прекршување на слоевите од воздухот. Илустрацијата од книга прикажана погоре, е исто така погрешна бидејќи го покажува привидението од десната страна: сликата на привидението никогаш не е поширока од предметот од којшто потекнува. Целото искривување и зголемување предизвикано од овој вид на привидение се јавува во вертикален правец, а никогаш хоризонтално.

Од суштинско значење е да се запомни и тоа дека фолклорот го поврзува Летечкиот Холанѓанец со Северното море. Така е поради фактот што Северното море со својата многу студена вода е едно од најдобрите места да се забележи супериорна илузија. Фатаморгана како супериорна илузија на брод може да се јави во повеќе различни форми. Дури и кога бродот во привидението не изгледа како да виси во воздухот, сепак изгледа како дух и невообичаено и што е уште поважно, постојано се менува при своите појави. Понекогаш Фатаморганата предизвикува бродот да изгледа како да е носен од брановите, а другпат, превртен брод изгледа како да плови над својот “вистински” придружник.

Всушност, со Фатаморганата е тешко да се одреди кој поединечен дел од привидението е “вистинско”, а кое не: кога вистински брод е надвор од видик бидејќи е под линијата на хоризонтот, Фатаморганата може да предизвика неговата слика да се издигне и тогаш сè она што набљудувачот го забележува е привидение. Од друга страна, пак, ако вистинскиот брод е сè уште над хоризонтот, неговата слика може да биде копирана многу пати и искривена од Фатаморганата.

Крокерови планини и Крокерово земјиште[уреди | уреди извор]


Во почетокот на 19от век, изгледа дека Фатаморганата била одговорна за две неповрзани на непостоечки арктички земјени маси на кои им беа дадени имињата “Крокерови планини” и “Крокерово земјиште”. Најчесто, приказот на Фатаморганата е поврзан со тврди предмети, но дури и морската површина сама по себе може да создаде привидение Фатаморгана под одредени услови, (погледнете ја сликата). Малиот брод од лево изгледа како да може да оди кон десно преку видливиот “ѕид” позади. Но во реалноста, морнарите не го гледаат истиот “ѕид”. Овој ѕид не постои навистина; тој е само привидение за оној што набљудува од брегот. Морнарите на бродот можат или не можат да видат нешто слично во нивниот хоризонт, во зависност од бараните услови. Ако морнарите видат “ѕид” и се обидат да го стигнат, би биле разочарани, бидејќи, како и крајот на виножитото, Фатаморганата никогаш не може да се стигне. На потполно ист начин, “Крокеровите планини” и Крокеровото земјиште беа видливии арктички земјени маси кои беа вистински “видени”, но коишто никогаш не можеа да се стигнат. Можно е видливите “планини” да се предизвикани од ледените брегови замрзнати во многу мраз. Од друга страна, видливите планини едноставно може да се предизвикани од нерамната површина на самиот лед.

Крокерови планини[уреди | уреди извор]


Во 1818, сер Џон Рос беше на долго патување со брод што беше повод да се открие долго бараниот Северозападен премин. Бродот на Рос стигна до Ланкастер Саунд во Канада. Северозападниот премин беше право, но Џон Рос не се упати во тој правец, бидејќи виде или барем си мислеше дека виде во далечината земјена маса со планини, поради којашто сметаше дека е невозможно да продолжи понатаму. Му даде дури и име на планинскиот венец од оваа земјена маса, кое гласеше “Крокерови планини”. Се предаде и се врати во Англија, и покрај приговорите на дел од неговите офицери, вклучувајќи го Првиот Другар Вилијам Едвард Пери и Едвард Сабин. Сметката за патувањето, издадена една година подоцна, ги изнесе на виделина нивните несогласувања и контроверзијата која произлезе заради постоењето на Крокеровите Планини ја уништи неговата репутација. Само една година подоцна Вилијам Едвард Пери беше во можност да плови повеќе кон запад, преку тие непостоечки планини. Сер Џон Рос направи две грешки. Првата е кога мислеше дека е сигурен дека видел земјена маса и планини кои не се всушност таму и покрај приговорите на неговите офицери, кои мора да биле повеќе запознаени со привиденијата отколку тој. Росовата втора грешка беше што го именува видливиот планински венец по Првиот Секретар на министерството на воената морнарица. Именувајќи го она што е привидение по висок функционер, го чинеше скапо Сер Џон Рос: му беа одбиени брод и пари за неговите следни походи и наместо тоа беше принуден да користи приватно финансирање.

Крокерово земјиште[уреди | уреди извор]


Главна статија: Крокерово земјиште
По чудна случајност, за време на походот во 1906, 88 години после походот на Рос, Роберт Пири ја именува земјената маса како Крокерово Земјиште, за кое верување дека го видел во далечина, северозападно од највисоката точка на Кејп Томас Хабард, која е сместена во она што сега е северната канадска територија на Нунавут. Пири го именува видливиот планински венец по крајот на Џорџ Крокер на клубот Пири арктик. Пири ја процени земјената маса на 130 милји оддалеченост, на околу 83 степени Северно, должина 100 степени Западно. Сега се знае дека дека нема земја на ова место. Всушност, она што Пири го видел несомнено било привидение на Фатаморгана.

Походот на Крокеровата земја[уреди | уреди извор]


Главна статија: Походот на Крокеровата земја

Во 1913, Доналд Бекстер МекМилан го организираше походот на Крокеровата земја кој тргна да го стигне и истражи Крокеровото земјиште. На 21 април членовите на походот го видоа она што изгледаше како огромен остров на северо-западниот хоризонт. Како што МекМилан подоцна изјави, “Ридови, долини, врвови прекриени со снег кои се протегаат на најмалку сто и дваесет степени од хоризонтот”. Пјугатук, член на и ловец на Инуитите, со 20 годишно искуство во оваа област, појасни дека ова е само илузија. Го нарече “пу-џак”, што значи магла. Сепак, МекМилан настојуваше да продолжат понатаму и покрај тоа што беше крај на сезоната и морскиот лед се уништуваше. За петте дена кои продолжија, следејќи го привидението, сè до 27 април, покривајќи некои 125 милји (201 км) од опасен морски мраз, МекМилан беше принуден да признае дека Пјугатук е во право. Крокеровото земјиште беше привидение, веројатно Фатаморгана. Подоцна, МекМилан напиша:

Денот беше исклучително чист, без облаци и траги на магла; ако можеше да се забележи некаква земја, сега беше вистинскиот момент за тоа. Да, баш сега! Можеше да се забележи без двоглед, како се протега од југозапад до североисток. Нашите моќни двогледи, сепак… го изнесоа многу почисто контрастот помеѓу црната и белата позадина, привидните ридови, долини и врвови прекриени со снег до тој степен, така што да не бевме на замрзнато море за 150 милји, би си ги ризикувале животите на неговата реалност. Нашата оценка, тогаш, како и сега е дека ова беше привидение или пристапот кон морскиот лед.

Походот собра интересни примероци, но сè уште се смета дека е неуспех и многу скапа грешка. Конечната вредност беше 100 000 $, што претставуваше огромна сума за тоа време.

Привиденија кај езерото Онтарио[уреди | уреди извор]


Во јули, 1866 привиденијата од бродови и острови се гледаа од Кингстон, Онтарио.

Привидение – Атмосферскиот феномен познат како “привидение”, би можело да се забележи во недела навечер помеѓу 6 и 7 часот, гледајќи кон езерото. Линијата над која беше забележан овој феномен се чини дека удира од средниот дел од островот Амхерст, преку југоисток, додека долната половина од островот ја претстави својата вообичаена појава, горната беше неприродно искривена фрлена нагоре во форма на столб со видлива висина од двесте до триста метри. Горната линија или облакот од ова подигнување се протега на југ, врз основа на која беше фрлена сликата од предмети. Кајче кое плови пред овој облак претставува двојна појава. Дури се појавуваше малку искривена на површината на водата, нејзината слика беше превртена над позадината од облакот и двете измешани заедно даваат чудесна глетка. Во исто време, бродот и неговата сенка, се повторуваа во потаинствена форма, но јасно, во преден план, основата да биде линија рамна вода. Уште едно кајче, чијшто труп беше целосно под хоризонтот, горните едра видливи, го имаше трупот на преден план замаглен, но не можеше да се забележи инверзија во овој случај. Може да се додаде дека овие оптички феномени во однос на бродовите, можат да се видат само со помош на телескоп, најблискиот брод тогаш беше време оддалечен цели шеснаесет милји. Феноменот траеше преку еден час, илузијата се менува секој момент во својот карактер.

Интересно да се забележи е дека опишаните привиденија на бродовите “можат да се гледаат само со помош на телескоп”. Честопати, за да се набљудува Фатаморганата потребни се телескоп или двоглед за да вистински да се толкува привидението. “Облакот” кој статијата го споменува неколку пати, најверојатно се однесува на канал. На 25 август, 1894 Американец-научник опиша значајно привидение забележано од граѓаните на Бафало, Њујорк.

ПРИВИДЕНИЕ ЗАБЕЛЕЖАНО КАЈ БАФАЛО, ЊУЈОРК. Луѓето од Бафало, Њујорк, беа почестени со значајно привидение, помеѓу 10 и 11 часот, во утрото на 16 август, 1894. Тоа беше градот Торонто со своето пристаниште и мал остров во јужниот дел на градот. Торонто е на 56 милји од Бафало, но куполите на црквата може да се избројат со неверојатна леснотија. Привидението, признато како источна проекција на Торонто, ја обзема целата ширина на езерото Онтарио, Шарлот, предградието на Рочестер. Параход со странични тркала можеше да се забележи како патува по линија, од Шарлот до заливот Торонто. Конечно се установи дека двата темни предмета на Њујоршкиот централен страк помеѓу Луистон и Торонто. Беше забележан и брод што плови и одеднаш исчезна. Полека, привидението почна да избледува, на големо разочарување на илјадниците кои ги преполнија покривите на куќите и деловните згради. Нанос од облаци беше причината за исчезнувањето на привидението. Крајниот преглед на мапата покажа дека привидението не предизвикало ниту најмало искривување, да биде направен совршен постепениот пораст на вода во градот.се проценува дека најмалку 20 000 гледачи го виделе необичниот спектакл. Ова привидение е познато како она од третиот ред; тоа е; предметот пристапува над нивото и тоа не превртена, како сликите од првите и вторите редови, туку како совршен пејзаж далеку во небото. – Американец-научник, 25 август, 1894.

Овој опис можно е да се однесува на појавата што се должи на инверзијата, отколку вистинското привидение.

Фатаморгана и НЛО[уреди | уреди извор]


Главна статија: НЛО

Фатаморганата продолжува да ги мами неискусните набљудувачи. Во денешно време ретко кој верува во Летечкиот Холанѓанец, но привиденијата на Фатаморгана се мешаат со предмети од другиот свет, како што се НЛО. Фатаморганата може да прикаже предмети кои се сместени под астрономскиот хоризонт, кои видливо кои лебдат во небото. Фатаморганата може и да ги зголеми овие предмети вертикално и да направи да изгледаат непрепознатливо. Некои НЛО кои се забележани на радар, може да се должат на Фатаморганата. Официјалната истрага за НЛО во Франција укажува:

Како што е познато, атмосферското канализирање е објаснувањето за одредени оптички илузии и особено поларната илузија наречена “фата моргана” каде што оддалечениот океан или површината лед, која во суштина е рамна, му се појавува на гледачот во форма на вертикални колони и куполи, или “замоци во воздух”. Луѓето честопати претпоставуваат дека привиденијата се појавуваат многу ретко. Ова може да е вистина за оптичките привиденија, но состојбите за радарските привиденија се посекојдневни, поради улогата на водената пареа која силно влијае на атмосферското прекршување во однос на радио брановите. Бидејќи облаците се тесно поврзани со високо ниво на водена пареа, оптичките привиденија поради водената пареа често се дадени неоткриени и придружени од непроѕирен облак. Од друга страна, пак, радарското размножување во суштина не е загегнато од капките вода од облаците, така што промените во содржината на водената пареа со надморската височина се многу ефикасни во производство на атмосферско канализирање и радарски привиденија. Фатаморганата е именувана како можна хипотеза за мистериозниот австралиски феномен Мин Мин светлина.

Фатаморгана во литературата[уреди | уреди извор]


Фатаморганата обично се поврзува со нешто мистериозно, нешто до кое никогаш не може да се пристапи.

О слатки илузии на песна Што ме мамите насекаде, Во пустите полиња, и бркотницата На преполниот автопат.

Јас пристапив и вие исчезнавте далеку, Ве зграпчив, и сега ве нема; Но секој ден и секоја вечер Мелодијата и понатаму одекнува.

Како што гледа уморниот патник Во пустина или огромна прерија, Сини езера, над кои висат дрвја Фрлаат пријатна сенка;

Чисти градови со кули во височина, И покриви кои блескаат од злато, И исчезнуваат како што тој се повлекува, Како замотани магли –

И така си талкам и талкам понатака, И засекогаш пред да блеснам Сјајниот град на песната, Во прекрасната земја на соништа.

Но кога ќе ја преминам портата Од таа златна атмосфера, Тоа го нема, и се прашувам и чекам Глетката повторно да се појави.

Интересно да се забележи е дека во редовите, “Како што гледа уморниот патник Во пустина или огромна прерија, Сини езера, над кои висат дрвја Фрлаат пријатна сенка”, поради споменувањето на сините езера, јасно е дека авторот всушност не опишува Фатаморгана, туку нешто инфериорно или пустинско привидение. Цртежот од 1886 прикажан тука од “Фатаморгана” во пустина може да биде имагинативна илустрација за поемата, но реално-ниту едно привидение не изгледа така. Енди Јанг пишува, “Тие секогаш се ограничени на тесен појас на небото-помалку од ширината на прстот и должината на раката-на хоризонтот”.

Карл Баркс, автор на книгата за деца Чичко Скруџ, раскажува приказна за Скруџ МекДак и неговите внуци во потрага по Летечкиот Холанѓанец: видоа јахта со црвени едра како летаат во небото, но подоцна дознаа дека таа слика е одраз на замрзнат бродолом во леден брег предизвикан од фосфор. Иако приказната не го користи зборот Фатаморгана, го наметнаа описот на ледениот брег и одразот. Поетот од 18ти век, Кристоф Мартин Виланд пишуваше за “Замоците на Фатаморганата во воздухот”. Идејата за замоци во воздухот е веројатно била толку неодолива што многу јазици сè уште ја користат фразата Фатаморгана за да опишат привидение.

Види[уреди | уреди извор]


•Привиденија
•Привиденија на астрономски предмети
•Појава на големи и искривени слики и слични прекршувачки феномени
•Зелен блесок