Битуменски песоци, катрански песоци или нафтени песоци — мешавина од песок, глина, вода, нафта и други различни јаглеводороди, од кои индустриски може да се добие сурова нафта. Најважните наоѓалишта се во Канада и Венецуела. Засега, битуменските песоци главно се ископуваат површински, додека подлабоките слоеви стануваат сè попривлечни. Поради растот на нафтената цена и технолошкиот напредок, производството станува сè поисплатливо. Владата на Канада на пр. го поттикнува добивањето нафта од битуменските песоци и го гледа ова како важен стратешки фактор за иднината на националната економија.[1]