Битка кај Анхијал (708)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битка кај Анхијал
Дел од Византиско-бугарски војни
Battle of Anchialus (708).png
Датум 708
Место Анхијал
Исход бугарска победа
Завојувани страни
Бугарија Византија
Команданти и водачи
Тервел Јустинијан II
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато големи

Битката кај Анхијал се одвила во 680 година во близина на Анхијал, денешна Бугарија, помеѓу силите на Византиската империја и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугарите.

Позадина[уреди | уреди извор]

Во 705 година, бугарскиот хан Тервел помогнал на детонираниот од власт во 695 година византиски император Јустинијан II да се врати на престолот по 10 години заточеништво. За да покаже благодарност, Јустинијан ги наградил Бугарите со злато, сребро, свила, ја дал високата византиска титула "Кесарија" (Цезар) на бугарскиот владетел, на кој му издигнал и статуа во Цариградскиот хиподром. Бугарија ја добила и стратешката област Загора, сместена меѓу денешна Стара Загора и Црно Море.

Три години подоцна, Јустинијан II решил да ги врати назад територите, кои претходно ги подарил.

Конфликт[уреди | уреди извор]

Во 708 година византиските коњаници пристигнале пред тврдината Анхијал и изградиле камп околу неа, бидејќи не се сомневала дека бугарската армија ги очекува скриена во планинските вериги во областа. Сигурен во својот успех, императорот не презел мерки за заштита на кампот. Додека напаѓачите собирале храна, Бугарите, според Теофан Исповедник, "ги виделе од планините глупавите одредби на Византијците" и "неочекувано се нафрлиле како ѕверови и го уништиле византиското стадо, по кое зеле многу заробеници, коњи и оружје освен убиените". Царот и малкумина од луѓето успеале да дојдат до тврдината и да се затворат во неа, кој успеал да побегне тајно во ноќта на третиот ден со бродовите и да замине кон Константинопол, каде се вратил "со срам". За да го покаже поразот императорот наредил "да се стават трофеи на ѕидовите" на Анхијал. Какви биле тие трофеи не е познато.

Последици[уреди | уреди извор]

Како резултат од битката Бугарија ги утврдила позициите во новите територии јужно од Стара Планина.

Во 711 година Јустинијан II повторно побарал помош од Тервел (за да го врати повторно изгубениот трон). Бугарскиот владетел му испрартил само војска од 3,000 луѓе, на кои подоцна бил даден безбеден, слободен коридор за да се вратат во Бугарија. Јустинијан II по ова бил погубен.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Атанас Пейчев и колектив: 1300 години на стража, Военно издателство, София 1984.
  • Йордан Андреев, Милчо Лалков: Българските ханове и царе, Велико Търново, 1996.
  • Теофан Изповедник: Хронография (превод на В. Бешевлиев и Г. Цанкова-Петкова в Гръцки извори за българската история, том III, с. 267-268)