Биолчеви

Од Википедија — слободната енциклопедија

Биолчеви се голем македонски род од градот Прилеп. Претставници на род кон крајот на 19 и почетокот на 20 век се Никола Биолчев, трговец и револуционер, претседател на Прилепскиот училиштен одбори и на Прилепскиот револуционерен комитет, Илија Биолчев, деец на ВМОРО, член на Костурското горско началство, Милан Биолчев, член на Прилепскиот револуционерен комитет. Бојан Биолчев е деец на ВМОРО, а во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во чета при 6-та охридска дружина. Внук на Бојан Биолчев е Бојан Биолчев, ректор на Софискиот универзитет. Параскева Лозанчева е ќерка на Коста Биолчев [1].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Илюстрация Илинден, 1936, бр.72, стр.14-15