Биоград на Море
Биоград на Море Biograd na Moru | |
---|---|
град | |
Поглед кон Биоград | |
Држава | ![]() |
Жупанија | ![]() |
Управа | |
• Градоначалник | Иван Кнез |
Површина | |
• Земјишна | 35,5 км2 (137 ми2) |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 5,569 |
Часовен појас | CET (UTC+1) |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Поштенски код | 23210 |
Повик. бр. | 023 |
Мреж. место | Biogradnamoru.hr |
Биоград на Море (хрватски: Biograd na Moru) — град и општина во северна Далмација, Хрватска и е значаен бидејќи бил поранешен главен град на средновековното хрватско кралство. Во Биоград денес жиивеат околу 5.569 граѓани (2011). Биоград е административно дел од задарската жупанија. Градот се наоѓа на брегот на Јадранското Море, со поглед на островот Пашман, на патот од Задар и Сукошан кон Водице и Шибеник.
Градот Биоград е туристичко место. Првите туристи почнаале да пристигнуваат во 1920-те години од Чехословачка, а нејзиниот прв хотел е изграден во 1935 година.
Географија[уреди | уреди извор]
Биоград на Море се наоѓа на 28 километри јужно од Задар. Се наоѓа на мал полуостров опкружен со два мали залива: Солина на југ и Бошана на север; пред него се островите Планац и Света Катарина. Просечната температура во јануари е 7.3 °C и 23.9 °C во јули.[2] Биоград е единствената населба во општината.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Раносредновековниот град бил изграден врз основа на постара црква од 6 век за време на владеењето на војводата Бранимир во 9 век. Зградата подоцна станала катедрала на епископот на Биоград. Една од многу значајните карактеристики на оваа зграда се полукружните потпорници, кои се наоѓаат само во зградите во Хрватска во тоа време.[3]
Градот првпат се споменува како Белградон во хрониката De Administrando Imperio во средината на 10 век.[4] Постојат тврдења дека епископијата е основана во ова време врз основа на повелба чија автентичност е оспорена. Така, ова не е универзално прифатено од историчарите.[3]
За време на војните помеѓу Хрватска и Венецијанската Република во 1000 година, градот бил окупиран за кратко време од Венецијанците. За тоа време Биоград бил како замок, а нејзините граѓани служеле под раководство на Витале Михиел како гувернер.[5]
Во поновата историја, српските сили наметнаа значителна штета од бомбардирањето во периодот 1991-1993 година за време на Хрватската војна за независност.[6]
Население[уреди | уреди извор]
Биоград на Море имал население од 5.569 жители според пописот од 2011 година. Мнозинството се Хрвати (95%).[7]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Биоград на Море“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.
- ↑ „O Biogradu“. hoteladria.hr (хрватски). Архивирано од изворникот на 2013-07-19. Посетено на 2013-11-19.
- ↑ 3,0 3,1 Nikolina Uroda, Biogradska katedrala, Muzej hrvatskih arheoloških spomenika-Split, Zavičajni muzej Biograd na Moru pp. 22
- ↑ http://www.enciklopedija.hr/Natuknica.aspx?ID=7739
- ↑ http://templari.hr/strucni-radovi/ZNANSTVENI%20RAD%20-%20Detaljna%20povijest%20grada%20Biograda%20na%20Moru.pdf
- ↑ N. Klaić, I. Petricioli, Zadar u srednjem vijeku do 1409., Prošlost Zadra - knjiga II, Filozofski fakultet Zadar, 1976, page 181.
- ↑ „Насееление по етничка припадност, по градови/општиин, попис 2011: Задарска жупанија“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Биоград на Море“ на Ризницата ? |