Бесикс кула I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бесикс кула I е планиран облакодер што требаше да се гради во Белград. Дизајниран е како зграда во форма на буквата А чија висина би била 333 метри. Со таа висина, кулата Бесикс би била највисоката зграда во Европа, наменета за домување. Интересно е што проектот вреден 250 милиони евра го предложи белгиската компанија Бесикс, која меѓу другото е задолжена за изградба на Бурџ Калифа во Дубаи, највисоката зграда во светот.

Кулата Бесикс била планирана да се изгради на слободната површина на блокот 26 на Нов Белград, помеѓу зградата Ушќе и спортската сала Арена. Обликот бил предвиден како буквата А. Долните катови би биле наменети за деловен простор, додека највисоките би се приспособиле во ресторан и хотелски простор. Средниот дел од зградата е предвиден за индивидуално домување.

Серж Амеј од Масер Холдингот и Дидие Дамасо, претставник на Бесикс, го потврдија планот за изградба на највисоката зграда во Европа во Белград. Во соопштението од Брисел тие кажаа дека Белград е раскрсница на која недостасуваат големи облакодери. Според нивната проценка, изградбата на кулата Бесикс би помогнала за побрз развој на Белград и Србија.

Иако РТС ја објави веста за можна изградба во текот на 2010 година, реализацијата на проектот никогаш официјално не стапи во сила. Градските власти на главниот град потврдија дека се информирани од Бесикс за нивниот план, но рекоа дека понатамошни преговори не се водени бидејќи никој од белгиската компанија не одговорил на градските прашања за деталите за проектот и неговото финансирање.