Бернско планинско куче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бернско планинско куче
Othello.jpg
Бернско планинско куче
Други називи Бернер
Бернски овчар
Прекари "Бернер"
Потекло Швајцарија
Особености
Тежина Мажјак 80–120 lb (35–55 kg)
Женка 70–110 lb (30–50 kg)
Висина Мажјак 24–28 in (61–71 cm)
Женка 22–26 in (56–66 cm)
Крзно Двојно
Боја Тробојно (црно, црвенкасто и бело)
Окучува просечно 5-7, до 15[1][2]
Животен век 7–8 години
куче (Canis lupus familiaris)

Бернското планинско куче (германски: Berner Sennenhund) припаѓа на крупната раса на кучиња, со потекло од Швајцарските Алпи.Се нарекува и Бернер (англиски назив: Berner или Bernese) поради подрачјето од каде потекнува, имено, од кантонот на Берн. Ова планинско куче отпрвин се чувало како чувар на фармите а во минатото биле користени и како запрежни кучиња а понекогаш служел за влечење на млекарските колички. Расата официјално била воспоставена во 1907.[3] Во1937 било признато од страна на Американскиот кинолошки сојуз;[4] Денес истото се рангира како работно куче.[5]Најмногу ги имало јужно од Берн, во подрачјето Дурбах, па луѓето го нарекувале Дурбахлер[6]. Во 1990 година било прогласено за Швајцарско национално куче, а во 1908 година го добило името Бернско планинско куче.

Портрет на Бернско планинско куче

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Изразената глава на делот на челото му е сплескана. Има силна муцка. Кафените очи пленат со палав поглед. Опашката му е доста влакнеста, но не е свиткан. Влакната му се меки, мазни и долги, лесно брановити, но не кадрави. Има сјајна црна боја, со кафени полиња по лицето, над очите и на долните делови на нозете. На градите, на крајот на опашката и на шепите има бели пеги. Заради својата раскошност влакната бараат грижлива нега.

Темперамент[уреди | уреди извор]

Кучето има добар темперамент, добродушно е и се приврзува за семејството. Пријателски е расположено кон домашните животни кои ги чува. Ги извршува послушно зададените обврски и лесно се дресира. Добро го поднесува студот и може да спие на отворено. Сака отворен простор и затоа не е погоден за урбани средини и чување внатре во домот. Но поради благиот карактер умее да се прилагоди на секакви услови.

Здравје[уреди | уреди извор]

Спаѓа во издржливите раси на кучиња но има релативно краток животен век. Кога ќе наполни 7-8 години веќе се смета за зтаро. Некои слични раси имаат поголем животен век, над 10 години.[7] најчесто се разболува од рак, но и реумата е доста застапена.[8]. Во САД и Канада, скоро половина Бернски планински кучиња умираат од рак.[9] Најдолг век на некој Бернер е забележан во 2004, во Англија (15,2години).[10] Артритис кај Бернското куче се појавува и кога е млад, 4-5 години.

Накусо, Бернското планинско куче е со нежно здравје така да му треба нега и внимание.

Староста на Бернското планинско куче 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11
Старост на човекот 14 22 31 40 49 58 67 76 85 94 100

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Borge, K. S.; Tønnessen, R.; Nødtvedt, A.; Indrebø, A.. Litter size at birth in purebred dogs—A retrospective study of 224 breeds. „Theriogenology“ том  75 (5): 911–919. doi:10.1016/j.theriogenology.2010.10.034. PMID 21196028.  "n=137 litter size=6.4 range 1-15"
  2. Leroy, G. G.; Phocas, F.; Hedan, B.; Verrier, E.; Rognon, X.. Inbreeding impact on litter size and survival in selected canine breeds. „The Veterinary Journal“ том  203: 74–8. doi:10.1016/j.tvjl.2014.11.008. PMID 25475165.  litter size=5.51 ± 2.7, longevity mean=7.74 ± 3.03 median=8.15
  3. „100th Anniversary“. Swiss Club for Bernese Mountain Dogs. 2007. архивирано од оригиналот на 6 јули 2011. https://web.archive.org/web/20110706223148/http://www.bshkbs.ch/phpnuke/modules.php?name=News. конс. 5 јануари 2011 г. 
  4. „Bernese Mountain Dog History“. American Kennel Club. http://www.akc.org/dog-breeds/bernese-mountain-dog/detail/#history. конс. 5 декември 2010 г. 
  5. „AKC Working Group“. American Kennel Club. http://www.akc.org/dog-breeds/groups/working/. конс. 5 декември 2010 г. 
  6. „Historical photos of the Berner Sennenhund (Bernese Mountain Dog)“. Природно-историски музеј во Берн. архивирано од оригиналот на 11 јануари 2011. https://web.archive.org/web/20110111084048/http://www.nmbe.ch/deutsch/531_5_3_1.html. конс. 5 јануари 2011 г. . Notice the variety in appearance of the original type
  7. http://users.pullman.com/lostriver/survey_comparisons.htm Dog Longevity Web Site, Survey Comparisons page. Compiled by K. M. Cassidy., Приступљено 5. 7. 2007.
  8. http://users.pullman.com/lostriver/breeddata.htm Dog Longevity Web Site, Breed Data page. Compiled by K. M. Cassidy., Приступљено 8. 7. 2007.
  9. http://www.bmdca.org/health/Miscellaneous/Health_Report.php 2000 BMDCA Health Survey, Bernese Mountain Dog Club of America, Приступљено 8. 8. 2007.
  10. http://www.thekennelclub.org.uk/item/570 Kennel Club/British Small Animal Veterinary Association Scientific Committee. 2004. Purebred Dog Health Survey., Приступљено 5. 7. 2007.