Бергамот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бергамот
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Сапуновидни
Фамилија: Седевчиња
Род: Цитрус
Вид: Бергамот
Биномен назив
Citrus bergamia
(Risso) Wright & Arn. [1]

Бергамот или бергамот-портокал (науч. Citrus aurantium subsp. bergamia) — мал агрум со приближно крушест облик. Ова овошје за прв пат е добиено во Италија, со вкрстување на крушест лимон и горчлив портокал или грејпрфут. Расте на мали дрва со исто име.

Овошјето главно се одгледува на јонскиот крајбрежен регион во покраината Калабрија, дотолку што претставува симбол на целиот регион и градот. Тој обем и квалитет не може да се добие никаде на друго место во светот; се одгледува и на Брегот на Слоновата Коска, Аргентина и Бразил но добиениот квалитет на есенција не може да се спореди со оној од Реџо Калабрија заради тамошните аргилитни, варовнички и алувијални наслаги.

Овошјето е кисело, а од неговата ароматична кора се добива етерично масло кое се користи во чајот Ерл Греј, кај парфемите, за слатки и ароматерапијата за лекување на депресија. Се користи и за полесно варење. Бергамотот е и состојка на првата колонска вода направена во Германија во XVII век.

Најмалку еден италијански производител прави мармалад чија главна состојка е бергамот. Во Грција од него се прави слатко.

Бергамот-портокалот нема сродна врска со истоимената билка.

Маслото има некои негативни ефекти како осетливост на светлина (заради хемикалијата бергаптен) и спречување на желудечна апсорпција на калииум во организмот. [2], [3]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]