Ароматерапија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ароматерапија
Медицинска процедура
Дифузер и шише со есенцијални масла.
MeSH D019341

Ароматерапијата е форма на алтернативната медицина која користи испарливи растителни материјали, уште познати како етерични масла но и други ароматични(мирисни) соединенија, со цел да го промени мислењето, расположението, спознавачките способности и здравјето на една личност.

Некои етерични масла, како на пример од чајното дрво имаат анти-микробиолошки дејства но сè уште не постојат медицински докази коишто би го докажале ефективното дејство против бактериските, габичните и вирусните инфекции. Сè уште нема точни докази за ефикасноста на ароматерапијата при лекувањето на некои болести, но познато е дека етеричните масла можат да имаат терапевтски својства. Особено недостасуваат истражувања кои вклучуваат строги методи.


Историја[уреди | уреди извор]

Во книгата De Materia Medica , напишана во првиот век, DiosCorides според тогашните верувања опишал многу такви масла во поглед на нивните лековити својства. Дестилираните етерични масла се употребувале како лекови уште од пронаоѓањето на дестилацијата во единаесеттиот век, кога Авицена ги издвојувал етеричните масла со помош на пареа.

Идејата на ароматерапијата за прв пат била спомената негде приближно во 1907та година (неподдржан податок) од страна на мал број Европски научници и лекари. А поимот ароматерапија првпат се појавил во печат во една Француска книга на темата: Aromatherapie: Les Huilles essentielles, Hormones Vegetales на хемичарот Рене-Мори Гатефосе. Англиската верзија била објавена во 1993та година. Во 1910та година Гатефосе ја изгорел својата рака за која подоцна тврдел дека ја излекувал со помош на масло од лаванда.

Францускиот хирург, Жан Валне ја открил медицинската употреба на есенцијалните масла кои ги користел како антисептици, при лечењето на повредените војници за време на Втората Светска Војна.

Начини на примена:[уреди | уреди извор]

  • Ширење преку воздухот: за еколошки мириси, ароми или за прочистување на возухот
  • Директна инхалација(вдишување): за прочисстување на дишните патишта, излив на крв во мозокот како и психолошки(душевни) дејства
  • Локална употреба: за масажи, купки, облоги, терапевтска нега на кожата.

Состојки[уреди | уреди извор]

Некои од основните состојки се:

  • Етеричните масла- мирисни масла добиени од билки, главно преку парна дестилација на пример, (маслото од еукалиптус) или преку експресија, истискување (на пр. маслото од грејпфрут). Но овој поим повремено се користи за да ги опише миризливите масла добиени од било кој растворлив екстракт.
  • Чисти масла: миризливи масла од цветови или од нежни, суптилни растителни ткива добиени најчесто преку растворувач или чиста течност на екстракција (на пример екстракцијата од роза). Овој поим се користи и за да се опишат маслата добиени од миризливи путери, цврсти субстанции и цветни масти преку користење на етанол.
  • Разредувачки масла или Разблажувачи: Вообичаено тоа се помасни растителни триглицериди кои ги разредуваат есенцијалните масла за нега на кожата, на пример маслото од сладок бадем.
  • Билни дестилати или хидросоли: Водените споредни производи од дестилацијата (на пример. водата од рози). Постојат многу тревки од кои се прават билни прочистувачи, кои наоѓаат примена во кулинарството, медицината и при нега на кожата. Најчести билни прочистувачи се камилицата, розата и маточината.
  • Раствори: водни екстракти на различни растенија (на пример раствор од камилица).
  • Фитонсиди : Разни испраливи органски соединенија од растенија кои ги уништуваат микробите. Голем број од миризливите масла кои во основата содржат терпени(смоли) и сулфурни соединенија од растенија од родот "Аллиум" се фитонсиди, иако вториве веројатно поретко се користат во ароматерапијата поради нивните непријатни мириси.
  • Испарливи (Volatized) сирови билки: Вообичаено тоа се растенија со поголема количина на масла кои се сушат, мелат и загреваат за да се извлечат маслата од нив и потоа преку директно вдишување се прима пареата од арматиччните масла.

Теорија[уреди | уреди извор]

Ароматерапијата е лекување или спречување на болестити со користење на етерични масла. Се применува и при ублажување на болки и вознемиреност, зголемување на енергијата, подобрување на меморијата, за опуштање, спречува опаѓање на косата и ги намалува егземите кои предизвикуваат чешање.

Понудени се две основни теории со цел да се објасни ова нивно наводно дејство. Првата е влијанието на мирисите врз мозокот, особено на лимбичкиот систем преку сетилниот систем. А другата е директното фармаколошко дејство на етеричните масла. Иако ароматерапевтите често го докажуваат точното познавање на синергијата помеѓу телото и етеричните масла, ароматерапијата е сè уште необјаснета. Меѓутоа, некои претходни медицински испитувања покажале позитивен дејство. Ароматерапијата не лечи состојби, но му помага на телото да најде природен начин да се излекува и да го подобри имунитетот.

Во Англиското говорно подрачје лекарите се стремат да ја нагласат употребата на есенцијалните масла при масажи, Во најдобар случај, се тежнее ароматерапијата да се смета како дополнителен начин на лекување, а во најлош случај како квази-научна измама.

Избор и набавка[уреди | уреди извор]

Маслата со стандарден состав (одреден според FCC, Food Chemical Codex) треба да содржат определено количство на одредени хемиски ароми кои нормално ги има во маслото. Но, не е забрането тие хемикалии да се додадат во синтетичка форма (по вештачки пат), за да ги исполнува условите за конкретното масло утрврдени според FCC. На пример, есенцијалното масло од лимонова трева за да одговара на утврдените критериуми, треба да содржи 75 % алдехид кој наместо од лимонова трева може да се добие и преку хемиска рафинерија. Ако кажеме дека овие масла се "прехрамбен вид" тогаш би биле природни а всушност не не е задолжително така.

Неразредените есенцијални масла кои се погодни за ароматерапија се нарекуваат терапевтски вид есенцијални масла. На пазарот на есенцијални масла повеќе преовладуваат прехрамбената, козметичката, фармацевтската индустрија како и парфемите, па ароматерапевтите немаат друг избор освен да ги набават најдобрите масла кои им се на располагање.


За да се утврди квалитетот на етеричните масла се користи анализа на гасна течна хроматографија (ГТХ) и масена спектрометрија (МС). Со овие постапки може да се измери нивото на составните состојки на неколку милијарди делови. Но со нив не може да се утврди дали секоја состојка е природна или пак дали неквлалитетното масло се подобрило со додавање на вештачки ароми кое обично се забелжува преку присуството на други ситни примеси. На пример, линалолот, кој го има во растенијата ќе биде дополнет со мала количина хидро-линалол, додека вештачкиот линалол содржи траги од дихидро-линалол.

Модерна употреба[уреди | уреди извор]

  • Лимоновото масло делува како енергетик и антидепресив. Во една јапонска студија било откриено дека пареата од лимоновото масло го намалува стресот кај глувци. Друго истражување на државниот универзитет во Охајо покажало дека мирисот од лимон може да го подобри расположението и помага при релаксација.
  • Масло од Мајчина душица
  • Ментата често се користи за убивање мравки, маслата од лаванда и од чајно дрво се користат како антисептици а понекогаш и во лосиони и сапуни.
  • За маслото од лаванда се вели дека е корисно при лекување рани и изгореници.
  • лавандата, јасминот, камилицата и ментата наоѓаат примена како антидепресиви и против вознемиреност.

Делотворност[уреди | уреди извор]

Засега нема многу докази за делотворноста на ароматерапијата. Martin et al. (1996) заклучиле дека кај повеќето од клиничките испитувања имало грешки поради недостатокот на соодветни прегледи, мали мери примероци и повторувања на независните истражувачи. Покрај овие можни се и некои други влијатели. Еден таков пример е експериментот на Kuritama et al. (2005) кадее психолошките придобивки од ароматерапевтската масажа била споредена со обичната масажа. Откако испитувањата и прашалниците биле оценети, покажале значително намалување на вознемиреноста и депресијата, иако немало разлики помеѓу двете групи.


Ароматерапевтите ги подржуваат нивните убедувања во примената велејќи дека никој неможе да ги потврди или отфрли нивните методи користејќи научни пристапи бидејќи науката е редукционистичка теорија а ароматерапијата е холистичка,целосна постапка (Schnaubelt 1998).


Придобивките од ароматерапијата како што се опуштеноста и поголемата јасност на умот можат да настанат и од плацебо ефектот (медицински неефективна интервенција) отколку од било кое биолошко дејство. Повеќето лекарски стручњаци се согласуваат околу тоа дека иако некои ароми навистина влијаат на расположението и опуштеноста и пациентите имаат корист од нив, засега нема доволно докази што ќе го поткрепат тврдењето за ароматерапијата. Научните истражувања за причините и последиците од ароматерапијата се ограничени, иако ин витро тестирањата откриле некои нејзини антибактериски и антивирусни дејства. Долгорочни заклучоци во врска со масажата со ароматерапија не постојат, освен чувството на задоволство после масажата со пријатен мирис. Објавени се неколку двојно неосновани проучувања од областа на клиничката психологија во врска со лекување на тешка деменција. Есенцијалните масла имаат докажана делотворност во производите за плакнење уста.

Популарната медицинската литература укажува на тоа дека ароматерапијата се заснова на анегдотски искази за нејзините благодети, отколку докази дека може да лекува болести. Научниците и лекарските стручњаци признаваат дека ароматерапијата е малку научно поткрепена, но критичарите велат дека наводите на поголемиот дел од терапевтите не се осврнуваат многу на податоците, фактите и/или дека истражувањата не функционираат соодветно и не се разгледуваат внимателно.

Некои застапници на ароматерапијата верувааат дека дејството на маслата не е предизвикано од хемикалиите што се содржат во самото масло, кое е во заемна врска со сетилата, туку од тоа дека маслото ја содржи прочистената "животна течност" на растението од кое потекнува,тоа ке ги "урамнотежи енергиите на телото" и ке доведе до негова благосостојба и заздравување преку "прочистување на негативните вибрации" на енергетското поле на телото. Многу скептици овој вид на ароматерапија го поврзуваат со квази-науката, тврдејќи дека не постои научен доказ за можноста да се лекува со оваа постапка како и за постоењето на овие "енергии".

Мерки на претпазливост[уреди | уреди извор]

Покрај тоа, постојат потенцијални заштитни мерки. Бидејќи етеричните масла се високо концентрирани, тие можат да ја иритираат кожата кога се користат самостојно. Поради тоа, тие вообичаено се разблажуваат со основните масла какви што се маслото од јојоба, маслиновото или кокосовото масло. Може да се појават фототоксични реакции доколку се користат маслата од кора од цитрон, лимон или лимета. Исто така, многу етерични масла во својот хемиски состав содржат алергени, што значи дека тие по одреден број употреби можат да предизвикаат алергии на кожата како и на останатите делови од телото. Некои од алергиите можат да бидат предизвикани дури и од пестициди, доколку првобитноторастение е култивирано.

Некои масла се отровни и за домашните животни, особено склони се мачките. Маслото од лаванда и чајно дрво предизвикале гинекомастија, односно неправилно растење на градната жлезда, кај момчиња во предадолесцентна возраст, иако извештајот во кој се наведува потенцијалниот проблем се базира само на набљудување на трите момчиња (бидејќи не станува збор за научно истражување), две од тие момчиња биле со надпросечна телесна тежина за нивната возраст, според тоа тие веќе биле склони на гинекомастија. Еден ендокринолог за деца, на Универзитетот во Кембриџ тврди дека.... "овие масла можат да ги имитираат естрогените" и дека "луѓето треба да бидат повнимателни при користењето на овие производи". Студијата била остро критикувана од многу државни органи. The Aromatherapy Trade Council of the UK и јавно сето ова го негира. Индустриското Здружение за Австралијанско чајно дрво (анг.ATTIA), која е група што ги поддржува интересите на производителите на масло од Австралијанско чајно дрво, извозниците и производителите издале писмо кое што ја оспорува студијата и апелирале до "New England Journal of medicine" да се повлечат. Весникот досега не одговорил на апелот и не се повлекол од студијата.

Како и секоја биоактивна материја, така и есенцијалните масла кои се безбедни за пошироката јавност, сè уште претставуваат ризик за бремените жени и доилките.

Додека некои луѓе се залагаат за конзумирање на есенцијалните масла заради терапевтски цели, стручните лица не препорачуваат самостојно земање, поради крајно отровната природа на некои од нив. Некои од најчестите, како еукалиптусот се исклучително штетни ако се земаат внатрешно. И мали дози како на пример една лажичка, односно 4-5 милиграма можат да предизвикаат клинички симптоми и сериозни труења. Неколку пријавени случаи на отровни реакции како оштетување на црниот дроб и напади биле предизвикани од голтање на жалфија, изоп, туја и кедар.

Затоа маслата мора да се чуваат надвор од дофат на деца. На пример, локалната употреба на тешките масла врз база на метал салицилат, како што се брезата и зимзелената бреза може да предизвика крвавење кај корисниците на антикоагулансот Варфарин. Нечистите масла исто така можат да направат проблем во зависност од видот на супстанцијата што се користи.