Прејди на содржината

Бен Е. Кинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бен Е. Кинг
Родено имеБенџамин Ерл Нелсон
Роден(а)септември 28, 1938(1938-09-28)
Хендерсон, Северна Каролина, САД
ПотеклоХарлем, Њујорк, САД
Починал(а)април 30, 2015(2015-04-30) (возр. 76)
Хакенсак, САД
Жанрови
ЗанимањаПејач, текстописец, музички продуцент
Инструменти
  • Вокал
  • пијано
Период на активност1958–2015
Издавачи
СоработнициThe Drifters
The Five Crowns
Мреж. местоbeneking.info'

Бенџамин Ерл Кинг [1] (роден Нелсон; англ: Benjamin Earl King; 28 септември 1938 г. – 30 април 2015 г.) ― американски соул и ритам и блуз пејач и продуцент.

Бенџамин Ерл Нелсон е роден на 28 септември 1938 година во Хендерсон, Северна Каролина,[2] а на деветгодишна возраст (во 1947) се преселил во Харлем, Њујорк.[3] Почнал да пее во црковните хорови, а во средно училиште ги формирал Four B's, ду-воп група која повремено настапувала во Аполо театарот.[4]

Во 1958 година, Кинг (сè уште користејќи го своето родено име) се приклучил на групата „Five Crowns“.[4] Подоцна истата година, менаџерот на Drifters Џорџ Тредвел ги отпуштил членовите на оригиналната група Drifters и ги заменил со членовите на Five Crowns.[5]

Својата слава ја стекнал како пејач во ритам и блуз вокалната група The Drifters, каде што го отпеал нивниот најголем хит (и единствена нивна песна на врвот на американската топ листа), "Save the Last Dance for Me".[2] Како солист, Кинг е познат како пејач и ко-текстописец на „Stand by Me“, кој била хит на американскиот топ 10 во 1961 година и подоцна во 1986 година (кога била искористена искористена во истиомениот филм), и исто така се искачила на прво место во Обединетото Кралство во 1987 година. Беше ставен и на листата на песни на векот на RIAA .

Покрај „Stand By Me“, други две песни од Кинг „There Goes My Baby“ и „Spanish Harlem“, исто така се наоѓаат на листата од 500 песни што го обликуваа рокенролот која ја изравотува Куќата на славните на рокенролот.[6] Неговата песна "Supernatural Thing" исто така се пласирала меѓу првите десет на Billboard Hot 100. Во 1988 година, како член на Drifters, Кинг бил примен во Куќата на славата на рокенролот, а бил номиниран да биде примен и како соло изведувач.[7] Во 2000 година, како член на Drifters бил примен во Куќата на славата на вокалните групи,[8] а во 2012 година и во Куќата на славата на текстописците (како солист).[9]

По кратко боледување, Кинг починал во Њу Џерси на 30 април 2015 година, на 76-годишна возраст.[10][11][12]

Наследство

[уреди | уреди извор]

Песните на Бен Е. Кинг се преработени од пејачи од повеќе жанрови. „So Much Love“ била преработена од Дасти Спрингфилд и многу други пејачи.[13] „I (Who Have Nothing)“ била изведена од Ширли Бејси во 1963 година, од Том Џонс во 1970 година, како и од Силвестер во 1979 година . „Till I Can't Take It Anymore“ била преработена од Реј Чарлс во 1970 година, а „Spanish Harlem“ била испеана од Арета Френклин во 1971 година. „Stand by Me“ била препеана од The Righteous Brothers, Отис Рединг, Џон Ленон, Мики Гили, Florence + The Machine и Трејси Чепмен. Кинг исто така бил инспирирација за многу рок групи: Siouxsie and the Banshees ја снимиле „Supernatural Thing“ во 1981 година, а Лед Цепелин ја преработиле „Groovin'“, позната под насловот „We're Gonna Groove“.[14]

  1. „King, Ben E.“. Veromi. Посетено на March 5, 2010.
  2. 2,0 2,1 Strong, Martin C. (1998). The Great Rock Discography (5. изд.). Edinburgh: Mojo Books. стр. 531–532. ISBN 1-84195-017-3.
  3. 'Stand By Me' singer Ben E. King dies at age 76“. PIX11 News. May 1, 2015. Архивирано од изворникот на 2015-05-08. Посетено на May 1, 2015.
  4. 4,0 4,1 Grimes, William (May 1, 2015). „Ben E. King, Soulful Singer, Dies at 76; 'Stand by Me' Was One of His Hits“. The New York Times. Посетено на May 1, 2015.
  5. Jones, Soul (June 1, 2011). „Soul Jones Words: Play It Again, Ben - Ben E. King Interview“. Souljoneswords.blogspot.co.uk. Посетено на April 19, 2014.
  6. „500 Songs That Shaped Rock“.
  7. „The Drifters | Rock & Roll Hall of Fame“. www.rockhall.com. Посетено на 2022-12-30.
  8. „Ben E. King and The Drifters – The Vocal Group Hall of Fame“ (англиски). Посетено на 2022-12-30.
  9. „Ben E. King | Songwriters Hall of Fame“. www.songhall.org. Посетено на 2022-12-30.
  10. Furness, Hannah (May 1, 2015). „Stand By Me singer Ben E King dies at 76“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на January 12, 2022. Посетено на May 1, 2015.
  11. „R&B legend Ben E King dies at 76“. BBC. May 1, 2015. Посетено на May 1, 2015.
  12. Grimes, William (May 1, 2015). „Ben E. King, Soulful Singer of 'Stand by Me,' Dies at 76“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на August 17, 2021.
  13. Bret, David (2014). Brit Girls of the Sixties: Kathy Kirby + Dusty Springfield + Cilla Black + Helen Shapiro + Marianne Faithfull + Sandie Shaw + Lulu. Lulu Press.
  14. Lewis, Dave (2012). From A Whisper to A Scream: The Complete Guide to the Music of Led Zeppelin. Music Sales Group.