Прејди на содржината

Куќа на славата на текстописците

Координати: 34°02′41″N 118°15′53″W / 34.04472° СГШ; 118.26472° ЗГД / 34.04472; -118.26472
Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на славата на текстописците
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
Основан1969
Место(Сегашна-привремена)
Гремиевиот музеј на L.A. Live
800 W Olympic Blvd
Лос Анџелес, CA 90015

(Предложена-постојана)
Brill Building
1619 Бродвеј, Менхетен
Њујорк, NY 10019
Координати34°02′41″N 118°15′53″W / 34.04472° СГШ; 118.26472° ЗГД / 34.04472; -118.26472
ТипМузички музеј
ПретседателЛинда Моран
Мреж. местоsonghall.org

Куќа на славата на текстописците (анг: Songwriters Hall of Fame (SHOF)) е американска институција основана во 1969 година одЏони Мерсер, Абе Олман и Хауи Ричмонд за да им оддаде признание на заслужните текстописци на песни од популарната американска музика. Не само што им се оддава признание на етаблирани текстописци, туку институцијата е вклучена и во развој на нови таленти за пишување песни на англиски јазик преку работилници, изложби и стипендии. Развиени се многу програми за совладување на техниките на пишување песни и за откривање на нови текстописци на англиски јазик. Нил Роџерс е претседател на организацијата.[1]

Куќата на славата била основана во 1969 година, а во 2010 година, била поставена интернет изложба во Гремиевиот музеј на L.A. Live во Лос Анџелес.[2] Куќата нема постојана адреса, а бидејќи наградите не се пренесуваат на телевизија, нема да има друга дигитална снимка од настанот.[3]

Има многу примери кога два текстописци кои соработувале се примени заедно, при што секоја личност се смета за одделен учесник. Во првата година биле примени 120 музичари, а многумина од нив имале професионално партнерство, како Роџерс и Хамерштајн. Следеле Бурт Бачарах и Хал Дејвид во 1972 година. Бети Комден и Адолф Грин биле избрани во 1980 година, а Либер и Столер биле примени во 1985 година. Џон Ленон и Пол Макартни биле примени во 1987 година.[4][5] Истата година, Гери Гофин, Керол Кинг, Бери Ман и Синтија Веил биле примени во SHOF. Екипата од Motown 's Holland-Dozier-Holland добила признание следната година. Елтон Џон и Берни Таупин биле меѓу избраните во 1992 година, а тројцата браќа од поп-музичката група Bee Gees биле примени во 1994 година. Queen била прва рок група од која сите членови биле примени во 2003 година.[6][7] Пет членови на Earth, Wind & Fire биле во класата во 2010 година. Четворица членови на „Kool and the Gang“ биле одликувани во 2018 година. До 2019 година, 461 лице биле примени во SHOF. 

  1. „Nile Rodgers Appointed Chairman of the Songwriters Hall of Fame: Exclusive“. Billboard. Архивирано од изворникот на July 2, 2018. Посетено на July 5, 2018.
  2. „About Us“. Songwriters Hall of Fame. Архивирано од изворникот на June 17, 2015. Посетено на June 14, 2015.
  3. „Songwriters Hall of Fame Honorees Range from Gaga to Grateful Dead“. Variety. June 18, 2015. Архивирано од изворникот на June 19, 2015. Посетено на June 19, 2015.
  4. „John Lennon | Songwriters Hall of Fame“. www.songhall.org. Посетено на 2022-10-10.
  5. „Sir Paul McCartney | Songwriters Hall of Fame“. www.songhall.org. Посетено на 2022-10-10.
  6. „The Lives & Music of Queen“. ABC. Архивирано од изворникот на October 16, 2007. Посетено на June 11, 2011.
  7. „2003 Award and Induction Ceremony: Queen“. Songwriters Hall of Fame. Архивирано од изворникот на December 17, 2010. Посетено на June 11, 2011.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]