Беличко Поле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед на селото Краиште од Беличкото Поле.
Карта на Беличкото Поле

Беличко Поле или Беличка Котлина (бугарски: Белишко поле, Белишка котловина) — дел котлинското дно во северниот дел на Разлошката Котлина во Пиринска Македонија.[1]

Подрачјето е сместено по горното течение на реката Места и по долното течение на нејзината десна притока, Беличка Река. Од запад, север и североисток е заградено од јужните падини на Рила, а на југоисток — од падините на Родопите. Од север на југ должината му е 6 км, а ширината — до 1 км. Средната надморска височина изнесува 860 м. Котлинското дно е изградено од плиоценска глина, препокриена со квартарни наслаги. Се одликува со еродирани исцедени почви од циметен шумски вид.[1]

Во северниот крај на полето е сместен градот Белица, а во југоисточниот дел се селата Краиште и Хахњово (Горно Краиште).[1]

Во југоисточниот дел, во правец север-југ и должина од 3 км поминува делница од второкласниот пат бр. 84: Зв’ничево – Велинград – Разлог. Напоредно на патот поминува и дел од теснолинејката „Септември – Добриништа“.[1]

Топографска карта[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 40.

Координати: 41°56′06″ N; 23°34′08″ E / 41.935° N; 23.569° E / 41.935; 23.569