Беличка Река (Пиринска Македонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Беличка Река
Белишка река
Местоположба
МестоРазлошко, Пиринска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоЧернополјанско Езеро, Средна Рила
 • координати42°05′30″ N; 23°29′29″ E / 42.0917° СГШ; 23.4914° ИГД / 42.0917; 23.4914
 • надм. вис.2.397 м
Устие 
 • место
р. Места кај с. Краиште, Општина Јакоруда
 • координати
41°55′06″ N; 23°35′08″ E / 41.9183° СГШ; 23.5856° ИГД / 41.9183; 23.5856Координати: 41°55′06″ N; 23°35′08″ E / 41.9183° СГШ; 23.5856° ИГД / 41.9183; 23.5856
 • надморска височина
768 м
Должина22,6 км
Големина на сливот134 км2
Проток 
 • просечен1,49 м3
Особености на сливот
ТечениеМестаЕгејско Море

Беличка Река (бугарски: Белишка река) — река во Разлошко (Општина Белица), Пиринска Македонија, десна притока на Места. Долга е 22,9 км.[1]

Реката извира од Чернополјанското Езеро источно од врвот Черна Полјана на Средна Рила, на надморска височина од 2.397 м. Најпрвин се води под името Карааланица (Чернополјанска Река). По целото течение оди во јужен правец, а по приодот кон летувалиштето Семково долината ѝ е тесна и силно пошумена. Во подрачјето на месноста Стеници тече низ клисурна долина; откако ќе излезе од неа, долината се проширува и се појавуваат речни тераси. Завршува како десна притока на Места, на 768 м.н.в., некаде кај последните куќи на селото Краиште.

Сливот на реката зафаќа 134 км2, што претставува 3,89 % од вкупниот слив на Места.

Главни притоки: → лева, ← десна

  • ← Голема Узуница
  • ← Динков Дол
  • → Вапска Река (Вапата)
  • → Вотрачка Река (Вотрчка Река, најголема)

Средниот годишен истек во устието изнесува 1,49 м3. Најполноводен месец е мај, а најслабоводен е септември.

Единственото населено место по течението на реката е градот Белица, по кој е наречена самата река.

Водите од горното течение на Беличка Река преку канал се насочуваат на исток во вештачкото езеро Белмекен и се користат за производство на струја и наводнување. В долното течение част от водите и се използват за напояване на малките земеделски площи разположени по речните ѝ тераси. Над град Белица по долината на реката има изградени няколко рибници за пастрмка.

По левиот брег на реката, во најдолното течение, на растојание од 3,5 км минува целиот потег на патот III-8406 кој ја поврзува Белица со остатокот од земјата.

Карти[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 40.