Бездомници

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бездомици е збирка раскази на македонскиот писател Паскал Гилевски.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Книгата е објавена во 1989 година, во издание на издавачката работна организација "Култура" од Скопје, во библиотеката "Современи македонски автори". Книгата е со обем од 20 сантиметри и има 141 страница. Авторот ја посветил книгата на неговите родители, протерани од Егејска Македонија. Ликовното уредување на книгата било на Методија Николовски, а технички уредник била Елена Крстева. Рецензенти на книгата биле Петар Ширилов и Доне Пановски. Книгата била испечатена во Графичката издавачка работна организација "Гоце Делчев" од Скопје.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 12 раскази, поделени во два циклуса. Циклусот "Неумоливи копнежи" ги содржи расказите:[2]

  • Балкон
  • Во црквата Сен-Пол
  • Ангелите од Хантош
  • Човекот со туѓо име
  • Далечниот пријател.

Циклусот "Окаени души" ги содржи расказите:[2]

  • Поздравување
  • Парно греење
  • Развод
  • Расчекор
  • Победа
  • Погреб
  • Унер во експресниот воз.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Паскал Гилевски, Бездомници, Култура, Скопје, 1989.
  2. 2,0 2,1 Паскал Гилевски, Бездомници, Култура, Скопје, 1989, стр. 141.