Бановци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бановци
Село
Skyline of Бановци
Координати: 45°11′06″ СГШ; 19°03′55″ ИГД / 45.184934° СГШ; 19.065382° ИГД / 45.184934; 19.065382
Земја Хрватска
Население (2001)
 • Вкупно479
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Поштенски број32247 Banovci

Бановци е село во источниот дел на Хрватска, близу до границата со Србија. Може да се стигне до него преку автопатот Д46. Селото е 115 километри оддалечено од Белград (Србија), 157 километри од Сараево (Босна и Херцеговина), 249 километри од Загреб (Хрватска) и 257 километрти од Будимпешта (Унгарија). Административно е дел од општината Нијемци. Населението брои 479 жители (2001).

Селото Бановци порано се викало Нови Бановци (од 1900-тата), и Шидски Бановци од 1910 до 1991. Локалната популација сѐ уште го нарекува селото Шидски Бановци. Првиот збор е посесивна придавка изведена од најблискиот град Шид, лоциран 12 километри од Бановци во соседна Србија.