Бабушкинскаја (Московско метро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бабушкинскаја

Бабушкинская
Општи информации
МестоБабушкински
Североисточен административен округ
Москва
 Русија
СопственикМосковски Метрополитен
ЛинииЛинија Калужско-Рижскаја (Московско метро) Калужско-Рижскаја
Перони1
Колосеци2
Поврзана соАвтобус: с15, 124, 181, 238, 238к, 346, 349, 393, 605, 649, 696, 880, 928, н6
Трамвај: 17
Објект
Длабочина10 метри
Нивоа на пероните1
Паркингне
Пристап за инвалидине
АрхитектВ. И. Клоков и Л. Н. Попов
Други информации
Код на станицата087
Историја
Отворена29 септември 1978

Бабушкинскаја (руски: ВДНХ) — станица на московското метро во Бабушкински, Москва, Русија. Се наоѓа на линијата Калужско-Рижскаја, помеѓу станиците Медведково и Свиблово.

Историја[уреди | уреди извор]

Станицата била отворена на 29 септември 1978 година, како дел од делот ВДНХ - Медведково, по што московското метро добило 107 станици.

Бабушкинскаја го добила името по округот Бабушкински каде се наоѓа станицата, кој пак го добил името по Михаил Бабушкин, поларен авијатичар.

На 29 март 2020 година поради пандемијата на коронавирус во Русија, раководството на московското метро привремено ја преименувало станицата во „ДомаБабушкинскаја“ (руски: Домабабушкинская) што значело „Баба дома“ за да ги потсетува постарите московски граѓанин да останат дома.[1]

Дизајн[уреди | уреди извор]

Бабушкинскаја е станица од типот на свод, елипсовидна во пресек со благо закосени, сиви мермерни странични ѕидови. Сите знаци и светлосни тела се прикачени на таванот, така што платформата е целосно отворена, освен неколку минималистички клупи сместени по централната оска. На крајот на платформата, над излезните скали, се наоѓа скулптура од А. М. Мосичук во спомен на арктичкиот лет на Бабушкин.

Влезовите на станицата се наоѓаат на пресекот на улиците Јенисејскаја и Менжинского.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Московское метро временно «переименовало» две станции из-за коронавируса“. РБК (руски). 2020-03-29. Посетено на 2023-08-04.