Прејди на содржината

Бруто-општествен производ

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од БОП)

Бруто-општествен производ или БОП (наречен и „бруто-национален производ“, од англиски: Gross national product, GNP) — пазарната вредност на сите стоки и услуги во дадена година произведени (или пружени) со трудот и средствата на државјаните на една земја. За разлика од бруто-домашниот производ (БДП), што го опишува производството според тоа каде географски се одвива, БОП ја изразува произведената вредност според сопственоста.

БОП не прави разлика помеѓу квалитетивното подобрување во техниката (на пр. побрза обработка кај сметачи) и квантитативните зголемувања во производството (на пр. повеќе произведени сметачи). Обете ги става под рубриката „економски раст“.[1]

Во основа, БОП претставува вкупната вредност на сите конечни произведени стоки и пружени услуги во дадена година, заедно со заработениот доход на нејзините државјани (вклучувајќи ги оние сместени во странство), а без доходот на оние без државјанство или постојан престој во земјата. Како таква, ова е мерка за вредноста на производите и услугите на државјаните на земјата, без оглед на тоа каде се наоѓаат. Ова е еден од показателите за економската благосостојба на земјата, под претпоставката дека поголем БОП дава повисок квалитет на живот.

БОП наспроти БДП

[уреди | уреди извор]

Бруто-општествениот производ (БОП) честопати се поставува наспроти бруто-домашниот производ (БДП). Додека БОП го изразува производството во претпријатијата на една земја (било да работат дома или во странство), БДП е мерка за произведеното во границите на земјата (било од домашни или странски претпријатија). Овие два показтела највеќе се разликуваат кога земјата има средства во странство (погони, фабрики, претпријатија) во облик на инвестиции, учество и др.

Список на десет најсилни земји по БОП (БНД)

[уреди | уреди извор]

Ова е список на десет земји со највисок бруто-општествен производ, т.е. општествен доход во 2012 г., изразено номинално, со методот „Атлас“ во милиони долари[2]

Место 2011 2010 2009
1  САД 15.097.089
2 Народна Република Кина НР Кина 6.628.086 Народна Република Кина НР Кина 5.717.592 Народна Република Кина НР Кина 4.822.913
3 Јапонија 5.774.376 Јапонија 5.359.236 Јапонија 4.793.538
4  Германија 3.594.303  Германија 3.513.807  Германија 3.472.823
5  Франција 2.775.664  Франција 2.745.670  Франција 2.742.735
6  Обединето Кралство 2.366.544  Обединето Кралство 2.373.636  Обединето Кралство 2.532.124
7  Италија 2.246.998  Италија 2.149.222  Италија 2.141.109
8  Бразил 2.107.628  Бразил 1.859.414  Бразил 1.575.897
9 Индија Индија 1.746.481 Индија Индија 1.539.419  Шпанија 1.469.901
10  Канада 1.570.886  Канада 1.475.865  Канада 1.412.899

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Daly, Herman E. (1996), Beyond Growth. Beacon Press
  2. БНД (GNI), Метод „Атлас“ (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]