Афанасиј Никитин
Изглед
Афанасиј Никитин (руски: Афанасий Никитин; во околина на Смоленска област 1474) бил руски трговец и патописец од Твер, еден од првите Европејци кои патувале по Индија. Своите импресии ги пренесол во книгата „Патувања од три мориња“ (руски:»Хожение за три моря«).
Никитин три години престојувал во Индија, во тогашниот султанат Бахмани (денес во околина на Мумбај), и за тоа време интензивно пишувал за политичките и религиските аспекти на индиското општество од тоа време. По враќањето од тоа патување, умрел во околината на Смоленск, есента 1474 година.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|