Аутсајдер (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Аутасајдер (англиски: Outsider) е словенечки филм од 1997 година, во режија на Андреј Кошак. Главните улоги ги играат: Давор Јањиќ, Зијах Соколовиќ, Нина Иванич, Јура Иванушич, Деметер Битенц, Урош Поточник итн. Филмот, кој трае 100 минути, бил кандидат на Словенија за наградата „Оскар“ за најдобар филм од неанглиското говорно подрачје. Музиката за филмот ја напишал Саша Лошиќ.

Содржина[уреди | уреди извор]

Сеад Мулахасановиќ (го игра Јањиќ) е дете на офицер на ЈНА, кој со семејството се доселува во Љубљана. Таму, тој се спријателува со проблематичниот ученик Борут (го игра Поточник), кој го воведува во панк-сцената, по што Сеад станува пејач во локалната панк-група. Истовремено, Сеад се вљубува во Метка (ја игра Иванич) и двајцата започнуваат љубовна врска. Еден ден, Борут пишува графит на ѕидот на касарната, по што е уапсен од страна на татко му на Сеад (го игра Соколовиќ), а потоа е осуден. За време на отсуството на родителите на Сеад, во неговиот стан се приредува забава, по која, тој и другарите се качуваат на покривот на зградата, приредувајќи концерт. Пристигнува полицијата и тие се приведени, а Борут повторно го затвораат.

На прославата во училиштетот по повод празникот 1 Мај, Метка му соопштува на Сеад дека е бремена. Сепак, подоцна, таткото на Метка ѝ кажува на мајка му на Сеад дека Метка ќе абортира. Сеад ја посетува во болницата, но веднаш си заминува. Дома го заткнува татко му како ги пакува работите и тој му соопштува дека треба да се селат во друг град, бидејќи добил прекоманда. Сеад е разочаран и одбива да го напушти градот. Во тој миг, на телевизија кажуваат дека умрел Тито. Сеад ја искористува приликата, го зема пиштолот на татко му и си пука во стомакот. Во меѓувреме, Метка се премислува, одбива да направи абортус и ја напушта болницата.[1] [2]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Проекција на словенечкиот филм „Аутсајдер“ во Кинотеката“, Дневник, година XIX, број 5686, сабота-недела, 7-8 февруари 2015, стр. 20.
  2. „Аутсајдер“, Програма февруари 2015, Кинотека на Македонија.