Прејди на содржината

Ариба

Од Википедија — слободната енциклопедија
За телохранителот на Александар Македонски, види Ариба (соматофилакс)

Ариба (грчки: Ἀρύββας)[1] (373 п.н.е. - 343 п.н.е., 330 п.н.е. - 319 п.н.е.) — крал на Молосијците, син на Алкет, брат на Неоптолем I, дедо на Пир Епирски.

Ариба своето образование го стекнал во Атена. Кога се вратил во Молосија го напишал уставот за Молосијците и низа закони.[2]

Ариба се оженил со Троа (сестра на Олимпијада). Некаде околу 360 п.н.е., за време на Илирскиот напад, Ариба го евакуирал цивилното население во Етолија дозволувајќи им на Илирите слободно да навлезат и пљачкаат. Стратегијата функционирала, Молосијците ги нападнале Илирите кои натоварени со пленот тешко се движеле, што било можност за војската на Аримба да ги порази.[3]

Аримба едно време бил во сојуз со Филип II Македонски. Сојузот бил зацврснат со женидбата на Филип со Олимпијада, ќерката на Неоптолем, односно внука на Аримба. Во бракот на Филип и Олимпија се родил Александар Македонски.

Ариба владеел со Епир сè до 342/1 п.н.е., кога бил симнат од престолот од страна на Филип II, а на престолот бил поставен Александар I.

Син на Ариба бил Алкет II, кој владеел како крал на Епир од 313 п.н.е. до 303 п.н.е. Тој можеби бил Ариптеј, крал на Молосијците спомнат од Диодор 18.11.1, кој се здружил со хелените во таканаречената Ламиска Војна.

Ариба исто така бил победник на Олимписките и Питиските игри во тетрипон (chariot race).

  1. Двојна форма: Аримбас, Ариба
  2. Ибид, стр. 89.
  3. Диодор Сицилиски, Библиотека. Книга 14.92, 15.2, 16.2. - FrStrat2.5.19

Литература

[уреди | уреди извор]
Претходник
Алкет I
Крал на Епир
370343 п.н.е.
(заедно со Неоптолем I сè до 360 п.н.е.)
Наследник
Александар I