Арво Пјарт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Арво Пjaрт во Даблин, 2008

Арво Пjaрт (роден на 11 септември 1935) е естонски композитор на класична и религиозна музика.[1] Уште од раните 1970-ти години, Пjaрт работи на минималистичкиот стил кој тој го формализира на свој сопствен начин, нарекувајќи го „тинтинабули“. Неговата музика исто така е инспирирана од Грегоријанското пеење,[2] често асоцирана со движењето „Нова Едноставност“.

Пjaрт е роден во Пајде, Естонија. По долгогодишната борба со Советскиот Сојуз, службените лица го протеруваат него и неговата жена заедно со двата сина во 1980 година. Најпрвин се преселува во Виена, каде што се стекнува со австриско државјанство, а потоа се преселил во Берлин во 1981 година. Се вратил во Естонија на почетокот на 21 век, но денес живее помеѓу Берлин[3] и Талин.[4][5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Arvo Part Answers
  2. found in Larry Sitsky, Music of the twentieth-century avant-garde: a biocritical sourcebook, 2002.
  3. www.swr.de/swr2/.../swr2-musikstunde-20110427.pdf
  4. http://www.theartsdesk.com/classical-music/arvo-p%C3%A4rt-special-1-how-sacred-music-scooped-interview
  5. P. Bohlman, The Music of European Nationalism: Cultural Identity and Modern History, p.75

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: