Апостол Симовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Апостол Симовски
Директор на Државен завод за статистика
На должноста
Стапил
20 февруари 2018
На должноста
2005–2006
Лични податоци
Роден(а) 28 август 1961(1961-08-28)(62 г.)
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Апостол Симовски (28 август 1961) — македонски статистичар, директор на Државниот завод за статистика.

Животопис[уреди | уреди извор]

Апостол Симовски е роден во 1961 година. Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од 1991 година работи во Државниот завод за статистика. Од ноември 2005 до септември 2006 година е директор на ДЗС. Од јуни 2017 до февруари 2018 година е вршител на должноста директор на ДЗС. Во февруари 2018 година повторно е именуван за директор на установата.

Симовски учествува во спроведувањето на пописите на населението, домаќинствата и становите во 1991, 1994, 2002 и 2021 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Државен завод за статистика“. www.stat.gov.mk. Посетено на 2024-02-03.