Прејди на содржината

Анѓеле Аксиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Анѓеле Давид Аксиќ ( 1918 во Куманово29 јуни 1943 во Крушевац, Србија) — македонски и југословенски партизан, борец за слобода на Југославија, учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште, а потоа изучил занает и работел како електричар. Живеел во Скопје. По окупацијата на нашата земја бил протеран од Македонија. Заминал за Србија и се населил во Крушевац. Како свесен и прогресивен работник се поврзал со народноослободителното движење и учествувал во разни акции против германскиот окупатор и домашните предавници. Немало акција во која не се истакнувал со својата решителност. Во 1943 година при една фашистичка рација бил затворен во Крушевац. На 29 јуни 1943 година бил стрелан во затворот.[1]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 295. На |first= му недостасува |last= (help)