Прејди на содржината

Анхелика Вале

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анхелика Вале
Анхелика Вале
Животописни податоци
Познат(а) и какоАнхелика
Роден(а)11 ноември 1975
Мексико Град Мексико, Мексико
ЖанровиПоп
ЗанимањаПејачка и глумица
ИнструментиВокал
Период на активност1981 -

Анхелика Вале (родена Анхелика Марија Вале Хартман на 11 ноември 1975 година во Град Мексико, Мексико е мексиканска актерка, пејачка и комедијантка, позната уште и како ќерка на глумицата Анхелика Марија[1] и на комедијантот Раул Вале[2]. Работи како глумица преку 30 години, а најголема слава постигнува со улогата на Летисија Падиља Солис во телевизиската серија "Грдата убавица".

Глумечка кариера

[уреди | уреди извор]

Како дете, во филмот Големата победа од 1981 година, Вале глумеше ќерка на мексиканската суперѕвезда Риго Товар Во 1998 година ја доби улогата на Хулиета во "Девојки од соништата", а во 2001 година, ја доби улогата на Венди Најели Перес во "Пријатели и соперници".

Mузичка кариера

[уреди | уреди извор]

Како и нејзината мајка, Вале е исто така и пејачка. Таа ја изведе песната за филмот „Грдата убавица”. Во 2008 година, таа го издаде албумот "Божиќ со пријателите" со Рикардо Монтанер.

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Теленовели во кои имала улога:

Наслов Улога
Жени убијци Хулија Енкубридора
Најгрдата убавица Летисија Падиља Солис
Пријатели и соперници Најели Перес
Девојки од соништата Хулиета Руиз
Тајната на Александра Глориа
Ангели без рај ?
Благословена лага Маргарита
Чудото на животот Алехандра
  1. / „Анхелика Марија“ Проверете ја вредноста |url= (help). https://www.imdb.com/name/nm0555898/?ref_=nmbio_mbio. Надворешна врска во |work= (help)
  2. „Раул Вале“. https://www.imdb.com/name/nm0883911/bio. Надворешна врска во |work= (help)