Анатомија и технички својства на дрвото

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дрво (Градба и технички својства)
Taxus wood.jpg
Анатомија и технички својства на дрвото
Податоци
Латинскиlignum

Основните елементи кои ги изградуваат сите живи организми се нарекуваат клетки. Според тоа и дрвото како жив растителен организам го градаат разни видови на клетки и ткива и тие му даваат обележја на градбата на дрвото.

Градбата на дрвото може да се запознае на карактеристичните пресеци на дрвото, врз основа на карактеристиките на поедините видови клетки.

Обликот и големината на клетките, како и специфичните обележја на допирните места преку кои се одвива размената на материи помеѓу клетка и ткиво, можаат да се видаат кога издвоените клетки се гледаат под микроскоп. Во првиот дел ќе бидаат изложени општите карактеристики на клетките како основни градежни единки, а потоа карактеристиките на пооделните видови клетки.

Градба на дврото[уреди | уреди извор]

Облик и димензии[уреди | уреди извор]

Сите клетки настануваат со делење на творното ткиво. Во почетокот се малечки, еднолични и со правилен облик. Со растењето се зголемуваат и го прилагодуваат својот облик според положбата и функцијата на живото стебло. Кога клетката ќе порасне, не го менува понатаму својот облик и големина.

Според обликот разликуваме два вида клетки на дрвото и тоа:

  • Изодијаметричните клетки, кои по обликот личаат на тула. Имаат две димензии приближно еднакви, а третата им е еднаква или па неколку пати поголема од првите две. Тие се најчесто живи клетки, клетки на паренхимот, служаат за спроведување на органските материи или за чување на резервни материи.
  • Прозенхимските клетки, со изразито издолжен облик и шилести краеви, меѓу кои спаѓаат дрвенести влакненца, трахеи и трахеиди. Тие се мртви клетки кои ја спроведуваат вода или служаат за зацврстување на дрвото.

Димензиите на клетките, нивната должина, ширина(пречник), широчина на отворот како и дебелината на мембраните се многу различни. Бидејќи клетките се многу мали, нивните димензии се изразуваат во микрометри(ựm).

Делови на клетката[уреди | уреди извор]

На клетката разликуваме клеткин ѕид или мембрана и клеткин простор, кој кај живите организми е исполнет со клеточна содржина наречена протоплазма. Многу клетки кога потполно ке се развијаат ја губаат клеточната содржина. Тогаш клетката се состои само од клеточна мембрана и внатрешна празнина или лумен на клетката. Лумен на клетката може да биде исполнет со вода или воздух.

клеточна мембрана е ципа или ѕид со која клетката е одвоена од другите соседни клетки.

Младите клетки имаат тенка мембрана, која е еластична и пропустлива за вода и растителни сокови. Во текот на растењето и развојот на клетката, расте и задебелува клеточната мембрана.

Мембраната на потполно израснатите мртви клетки се состои од повеќе слоеви. На напречниот пресек на механичките елементи, се разликиваат следниве слоеви:

  • Примарна мембрана или примарен слој;
  • Секундарна мембрана или секундарен слој.

Клетката од соседната клетка ја одделува меѓуклеточен слој или средишна ламела. Средишната ламела и примарната клетка имаат еднаква градба. Волуменското учество на овие слоеви во градбата на дрвото е сосема мало и не влијае на својствата на дрвото како материја. Тие се битни за растењето и формирање на клетката.

Дрвната маса ја сочинуваат повеќе слоеви на секундарните мембрани, кои кај некои клетки можаат да бидаат многу делеби и со сосема мали отвори(лумени) на клетките. Секундарната мембрана се состои од три слоеви или подслоеви:

  • Надворешен;
  • Среден;
  • Внатрешен.

Надворешните и внатрешните слоеви се тешко видливи, додека средишниот дел ја сочинува главната маса на секундарната мембрана. Tаа не е со еднаква градба како примарната мембрана. Некои слоеви меѓусебно се разликуваат по физичката градба, хемискиот состав и по содржината на водата. За запознавање на функцијата на клетките во живото стебло потребно е да се разликуваат два вида на мембрана: примарна и секундарна.

Пори[уреди | уреди извор]

Сликите прикажуваат присуство на пори кај Тврдо дрво (даб, горе) и нивно отсуство кај меките дрва (бор, долу)

Незадебелените места на клеткините мембрани преку кои се одвива размената на материи меѓу соседните клетки, се нарекуваат пори. Настануваат во периодот на растење и задебелување на клеточната мембрана.

Младите штотуку настанати клетки, меѓусебно се поврзани со тенки нишки на цитоплазмата, кои се нарекуваат плазмодеми. Преку нив се врши размена на материи помеѓу соседните клетки. Ги има само во примарната мембрана, која има еднообразна структура. Кога започнува формирањето на секундарната мембрана, доаѓа до здрвенување (лигнификација) на клеткината мембрана. За да се прекине врската помеѓу соседните клетки, клеткината мембрана задебелува само на некои места, со што секундарната мембрана не се формира непрекинато. На примарната мембрана остануваат незадебелени места, преку кои соседните клетки и понатаму комуницираат. Тие места се зачетоци на порите во клеткината мембрана и се нарекуваат примарни полиња на порите. Во секое од примарните полиња, може да се развие една или повеќе пори во клеткината мембрана.

Незадебелените места на две соседни мембрани на кои се формираат пори, секогаш се во положба едно спроти друго бидејќи размената и транспортот на материите може да се одвива само ако постојаат две вакви незадебелени места или две пори кои се викаат пар пори во клеточната мембрана. Меѓутоа големината и формата на тие незадебелени места не треба да бидаат секогаш еднакви. Според градбата, формата, големината, бројот и распоредот, разликуваме повеќе видови пори во клеточната мембрана.

Кога незадебелените места на секундарната мембрана се во вид на два кружни отвори, преставуваат наједноставниот вид на пори кој е карактеристичен за живите елементи на градбата на дрвото, таквите пори се нарекуваат едноставни пори. Меѓу нив се наоѓа тенка ципа која се нарекува мембрана на пората. Преку мембраната на пората се врши размена и транспорт на материите помеѓу соседните клетки.

Другиот вид на пори, заградени пори, се карактеристични за мртвите клетки (елементи) кои ја спроведуваат водата и минералните материи. Кружниот отвор или каналот на заградените пори не е со еднаква ширина. Тој се шири кон внатрешноста спрема мембраната на пората. Кај нив раздвоениот дел на секундарниот слој на мембраната е издигнат и надвиснат над отворот на порите, па затоа тие личаатна заградени пори.

Кај трахеидите на раното дрво на четинарите средишниот дел на мембраната на заградените спори е задебелен во вид на леќа и е наречен торус. Истенчените места од страна на торусот, т.е неговиот периферен дел се нарекува марго. Тој е тенок и пропустлив па затоа преку него се врши размена на материите. Отворот на пората спрема луменот на пората се нарекува порус. Торусот по правило е поголем од порусот. Мембраната на пората зазема симетрична положба помеѓу двете двете заградени пори, односно помеѓу порусите. Еластична е, па торусот на мембраната може да се залепи на внатрешните страни на порусот и да го затвори. Торус имаат само заградените пори на трахеидите на рано четинарите, па кога тие ја губаат спроводната функција опаѓа и функцијата на порите во клеточната мембрана. Либроформските влакненца исто така имаат пори кои се редуцирани на тесни пукнатински отвори без марго или едноставни пори. Помеѓу мртвите клетки се наоѓаатпори кои се несиметрично градени и се нарекуваат едноставни- заградени или полузаградени пори. Незадебеленото место т.е пората може да се наоѓа во една мембрана.

Бројот, големината ираспоредот на порите се менува кај исти клетки во зависност од видот на дрвото и климатските услови. Бидејќи типот на порите во клеточната мембрана е постојан и карактеристичен за секој вид клетка, тие служаат како елемент при распознавањето и идентификацијата на видот на клетката.

Елементи на градба на дврвото[уреди | уреди извор]

Сите видови клетки кои го градаат живото стебло, се нарекуваат созаедничко име, елементи на градба на дрвото. Основните елементи на градба на дрвото се:

  • Трахеиди;
  • Трахеи;
  • Дрвни влакненца;
  • Паренхим.

Тие по форма се различни елементи кои варираат по својата должина и ширина, како и по бројната застапеност на едните во однос на другите. Елементите на градба на дрвото се така диференцирани што едни служаат за физиолошки функции, а други за механички функции во живото стебло. Едните се протегаат паралелно со надолжната оска на деблото, а другите нормално на надолжната оска. Првите ги сочинуваат елементите на надолжниот(аксијален), а вторите елементи на напречниот(радијален) систем. Сите видови на дрво не се изградени од исти елементи, односно ист вид на клетки. Дрвото на четинарите е изградено од трахеиди и паренхим. Лисјарите се со посложена градба и се составени од трахеи, трахеиди, дрвени влакненца и паренхим.

Трахеиди[уреди | уреди извор]

Основните елементи на градбата на дрвото кај четинарите се трахеидите, а најмасовно се застапени надолжните(аксијални) трахеиди. Тоа се прозенхимски клетки, со вретенеста или призматична форма. На краиштата се затворени и обично косо зашилени. Мембраните им се повеќе или помалку задебелени и силно лигнифицирани. На напречниот пресек има четири или шестаголни кои ретко можаат да бидаат и тркалезни.

Трахеи или садови[уреди | уреди извор]

Вид на дрво Процентуална застапеност (%) Должина на трахеите (mm) Пречник на трахеите (mm)
Јавор 6,9 0,30 0,030-0,110
Бреза 24,7 0,30-0,60 0,030-0,130
Бука 31,0 0,30-0,70 0,005-0,100
Јасен 12,1 0,15-0,25 0,014-0,350
Липа 17,0 0,40 0,020-0,090
Орев 12,0 0,10-0,60 0,060-0,240
Топола 26,4 0,50 0,020-0,150
Брест 29,0 0,10-0,20 0,020-0,340
Даб 7,7 0,10-0,40 0,010-0,400
Врба / 0,20-0,45 0,020-0,120

Дрвни влакненца(либриоформски влакненца и влакнести трахеиди)[уреди | уреди извор]

  • Либриоформски влакненца;
Вид на дрво Процентуално учество Должина на влакненцата (mm) Пречник (mm)
Јавор 75,9 0,7-1,1 0,010-0,020
Бреза 64,8 0,8-1,6 0,014-0,020
Бука 37,4 0,6-1,3 0,016-0,022
Даб 58,1 0,6-1,6 0,010-0,030
Јасен 62,0 0,2-1,6 0,009-0,050
Липа 72,0 0,5-1,4 0,010-0,030
Орев 63,8 1,0-2,0 0,020
Топола 61,0 0,7-1,6 0,029-0,044
Брест 51,0 0,9-2,4 0,010-0,060
  • Влакнести трахеиди.

Паренхим[уреди | уреди извор]

Напречен паренхим - дрвни зраци[уреди | уреди извор]

Смолни канали[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]