Прејди на содржината

Анамска рака

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анамска рака
Ботаничка илустрација на козја анамска рака (L. caprifolium)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Чешликовидни
Семејство: Анамски раце
Род: Анамска рака
L.
Видови

во текстот (некои)

Анамска рака (научLonicera, syn. Caprifolium Mill.) — род грмушки или повивни ползавци од семејството анамски раце (Caprifoliaceae), автохтони на северната полутопка. Постојат околу 180 вида, од кои 100 во Кина и по 20 во Европа, Индија и Северна Америка. Општопознати видови се обичната (L. periclymenum), јапонската (L. japonica, наречена и „кинеска“) и зимзелената анамска рака (L. sempervirens). Некои од нив привлекуваат колибрија, особено зимзелената и портокаловата анамска рака (L. ciliosa).

Латинскиот назив Lonicera доаѓа од германскиот ренесансен ботаничар Адам Лоницер (1528-1586).

Голем дел од видовите анамски раце се мразоотпорни повивни растенија, а остатокот се грмушести. Неколку вида се мошне кревки, па можат да се одгледуваат на отворено само во суптропски подрачја. Меѓу овие кревки видови се вбројуваат џиновската бурманска анамска рака {L. hildebrandiana} од подножјето на Хималаите и етрурската анамска рака (L. etrusca) од Средоземјето. Листови се спротивставени, просто-јајцевидни, со должина од 1–10 см. Највеќето видови се листопадни, но има и зимзелени. Многу од нив имаат по чифт двострано симетрични цветови со опоен мирис и даваат сладок јадлив нектар. Стеблата се тенки, свитливи и мошне влакнести по структура, па затоа наоѓаат традиционална примена како врзиво и текстилен материјал. Плодот може да биде црвена, сина или црна, округла или издолжена бобинка со по неколку семки. Кај највеќето видови, бобинките се благо отровни, но неколку вида (особено сината анамска рака, L. caerulea) имаат јадливи бобинки што се одгледуваат за исхрана. Бобинките кај речиси сите видови се привлечни за животните, кои така ги изнесуваат вон природниот ареал, при што стануваат инвазивни растенија. Такви се . Доста видови се храна за ларвите на разни видови пеперутки.

Инвазивни видови

[уреди | уреди извор]

Неколку вида анамска рака станале инвазивни откако биле доведени на места вон матичното подрачје, што е особено случај со Нов Зеланд и САД. За инвазивни се сметаат јапонската (L. japonica) и Маковата (L. maackii), Мороовата (L. morrowii) и татарската анамска рака (L. tatarica).

Листови и цветови на анамската рака

Одгледување

[уреди | уреди извор]

Анамските раце се ценети како градинарски растенија, бидејќи ги прекриваат и украсуваат оградите и помалку привлечните делови од градбите. Лете имаат голем број трубести цветови со мошне привлечен мирис. Поиздржливите ползечки видови бараат корењата да им бидат во сенка, цветните делови на сонце. Видот и сортата треба да се одбира со внимание, бидејќи некои знаат да значајно се прошират и да станат тешки за справување.[1]

Некои висдови

[уреди | уреди извор]
Јапонска анамска рака (L. japonica)
Портокалова анамска рака (L. ciliosa)
Плод на јапонската анамска рака
Зимзелена анамска рака (L. sempervirens)
Татарска анамска рака (L. tatarica)
Козја анамска рака (L.caprifolium)

Lonicera acuminata
Lonicera albiflora — бела анамска рака
Lonicera alpigena — планинска анамска рака
Lonicera altmannii
Lonicera angustifolia
Lonicera anisocalyx
Lonicera arborea
Lonicera arizonica — аризонска анамска рака
Lonicera biflora
Lonicera bournei
Lonicera brevisepala
Lonicera buchananii
Lonicera buddleioides
Lonicera caerulea — сина анамска рака
Lonicera calcarata
Lonicera calvescens
Lonicera canadensis — канадска анамска рака
Lonicera caprifolium — козја анамска рака (типски вид)
Lonicera carnosifolis
Lonicera cerviculata
Lonicera chrysantha — златна анамска рака
Lonicera ciliosa — портокалова анамска рака
Lonicera ciliosissima
Lonicera cinerea
Lonicera codonantha
Lonicera confusa
Lonicera conjugialis — виолетова анамска рака
Lonicera crassifolia
Lonicera cyanocarpa
Lonicera dasystyla — тонкинска анамска рака
Lonicera dioica — свитлива анамска рака
Lonicera elisae
Lonicera etrusca — етрурска анамска рака
Lonicera fargesii
Lonicera ferdinandii
Lonicera ferruginea
Lonicera flava — жолта анамска рака
Lonicera fragilis
Lonicera fragrantissima — зимска анамска рака
Lonicera fulvotomentosa
Lonicera glutinosa
Lonicera graebneri
Lonicera gynochlamydea
Lonicera × heckrottii — златнопламена анамска рака
Lonicera hellenica — грчка анамска рака
Lonicera hemsleyana
Lonicera heterophylla
Lonicera hildebrandiana — џиновска бурманска анамска рака
Lonicera hirsuta — влакнеста анамска рака
Lonicera hispida
Lonicera hispidula — розова анамска рака
Lonicera humilis
Lonicera hypoglauca
Lonicera hypoleuca
Lonicera implexa
Lonicera inconspicua
Lonicera inodora
Lonicera interrupta — чапаралска анамска рака
Lonicera involucrata — покривална анамска рака
Lonicera japonica — јапонска или кинеска анамска рака
Lonicera jilongensis
Lonicera kansuensis
Lonicera kawakamii
Lonicera korolkowii — синолистна анамска рака
Lonicera lanceolata
Lonicera ligustrina
Lonicera litangensis
Lonicera longiflora
Lonicera longituba
Lonicera maackii — Макова или амурска анамска рака
Lonicera macrantha
Lonicera macranthoides
Lonicera maximowiczii
Lonicera microphylla
Lonicera minuta
Lonicera minutifolia
Lonicera modesta
Lonicera morrowii — Морова анамска рака
Lonicera mucronata
Lonicera myrtillus
Lonicera nervosa
Lonicera nigra — црна анамска рака
Lonicera nitida — сјајна анамска рака
Lonicera nubium
Lonicera nummulariifolia
Lonicera oblata
Lonicera oblongifolia — долголистна анамска рака
Lonicera oiwakensis
Lonicera oreodoxa
Lonicera orientalis
Lonicera pampaninii
Lonicera paradoxa
Lonicera periclymenum — обична анамска рака
Lonicera pileata — капчеста анамска рака
Lonicera pilosa — мексиканска анамска рака
Lonicera praeflorens
Lonicera prostrata
Lonicera pyrenaica
Lonicera reticulata — мрежеста анамска рака
Lonicera retusa
Lonicera rhytidophylla
Lonicera rupicola
Lonicera ruprechtiana — манџурска анамска рака
Lonicera saccata
Lonicera schneideriana
Lonicera semenovii
Lonicera sempervirens — зимзелена анамска рака
Lonicera serreana
Lonicera setifera
Lonicera similis
Lonicera spinosa
Lonicera splendida
Lonicera standishii Стендишова анамска рака
Lonicera stephanocarpa
Lonicera subaequalis
Lonicera subhispida
Lonicera sublabiata
Lonicera subspicata јужна анамска рака
Lonicera szechuanica
Lonicera taipeiensis
Lonicera tangutica
Lonicera tatarica — татарска анамска рака
Lonicera tatarinowii
Lonicera tomentella
Lonicera tragophylla
Lonicera tricalysioides
Lonicera trichogyne
Lonicera trichosantha
Lonicera trichosepala
Lonicera tubuliflora
Lonicera utahensis — јутска анамска рака
Lonicera villosa — планинска влакнеста анамска рака
Lonicera virgultorum
Lonicera webbiana
Lonicera xylosteum — вистинска анамска рака
Lonicera yunnanensis

  1. RHS A-Z encyclopedia of garden plants. United Kingdom: Dorling Kindersley. 2008. стр. 1136. ISBN 1405332964.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]