Амфиоксус
- a0b0ff"
- a0b0ff"
Амфиоксуси (главохордници) | |
---|---|
Обичен амфиоксус Branchiostoma lanceolatum | |
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
| |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Потколено: | Cephalochordata Овен, 1846 |
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
| |
|
Амфиоксусот или ланцетникот (единствен во поттипот Cephalochordata, односно главохордници) е примитивно рибовидно животно кое нема ‘рбетен столб, но поседува многу други одлики на ‘рбетниците. Многу научници веруваат дека ‘рбетниците може да еволуирале од древен предок сличен на амфиоксусот. Афиоксусите се среќаваат насекаде низ светот во плитките, морски биотопи, каде се закопуваат во песокот, оставајќи ја само устата надвор. Некои азиски народи ги сметаат амфиоксусите за голем деликатес, а животното комерцијално се лови во Кина.
Амфиоксусите растат околу 5 cm во должина. Имаат јагуловидна телесна форма со добро развиена уста и опашка. Повеќето се полутранспарентни. Овие животни делат неколку особини со ‘рбетниците, како грбното нервно стебло кое е потпрено со несвитлива стапчеста структура позната како нотохорд - претходник на ‘рбетниот столб; потоа систем на голтникови цепнатинки помеѓу устата и желудникот кои се користат при хранењето; и серии од сегментирани и V-видни мускули долж градниот (трупен) дел.
За разлика од ‘рбетните животни, амфиоксусите не развиваат вистински мозок, главени нерви или сетилни структури (како очи или уши). Тие немаат срце, но имаат циркулаторен систем во кој еден голем крвен сад постојано пулсира со што ја движи оксигенираната крв до различните органи во телото. Вените ја враќаат крвта во жабрите, каде таа се збогатува со кислород. Половите на амфиоксусите се различни - половите органи се парни и се наоѓаат долж телото и произведуваат гамети кои се испуштаат во водата откога животното ќе достигне полова зрелост.
- мозоковиден меур
- нотохорд
- грбно нервно стебло
- постанална опашка
- анус
- дигестивен систем
- крвоносен систем
- атриопора
- надголточна лакуна
- жабрена цепнатинка
- голтник
- вестибула
- усни цирии (пипала)
- устен отвор
- гонади (јајчници/семеници)
- сетило за светлина
- нерви
- метаплеврален завој
- црнодробно слепо црево (хепаровидна торбичка)
Амфиоксусите немаат тврди (окоскени) телесни делови, поради што фосилизираат при посебни услови. Фосили на животни за кои се смета дека се амфиоксуси се најдени во јужна Кина и Британска Колумбија и датираат од раниот камбриј, геолошки период кој започнал пред околу 570 милиони години. Овие фосили може да претставуваат животни блиски на оние од кои еволуирале ‘рбетниците.
|