Амбае

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Амбае
Аоба
Ambae island 3D pic.jpg
Топографска карта на Амбае.
Vanuatu - Aoba.PNG
Местоположба на Амбае во Вануату.
Географија
МестоТихи Океан
Координати15°24′0″S 167°50′0″E / 15.40000° S; 167.83333° E / -15.40000; 167.83333Координати: 15°24′0″S 167°50′0″E / 15.40000° S; 167.83333° E / -15.40000; 167.83333
АрипелагВануату
Површина398 км2
Највисоко издигнување1.496 м
Највисока котаАобахи
Управување
Вануату
ПокраинаПенама
Демографија
Население11,061 (2009)
Етнички групиВануаќани


Амбае или Аоба (бислама: Ambae, Aoba) — остров во покраината Пенама во Вануату. Островот се наоѓа на околу 165 километри северозападно од Порт Вила, главниот град на државата.

Географија[уреди | уреди извор]

Островот е со вулканско потекло, округлест е и доста планински. Островот е покриен со вегетација, населените места се опколени и со мали шуми. На островот има плантажи. Нема постојан извор на питка вода, освен езерата на врвот на кратерот во средишниот дел на островот. Сепак, езерата не се достапни. Луѓето имаат канали и резервоари за собирање питка дождовна вода. На островот нема реки, но сето ова не влијае врз потребите за вода на луѓето Климата е тропска со просечни годишни температури од 30 степени.

Амбае е всушност врвот на вулканот Манаро Вуи,[1] кој се издига 1,496 метри над нивото на морето, или околу 3,900 метри мерејќи од морското дно.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Островот има население од околу 11,000 жители,[3] поделени во 3 или 4 јазични групи (источноамбаески јазик, западноамбаески јазик и јужноамбаески јазик.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

На Амбае има три писти кои ги користи Air Vanuatu: Аеродром Валаха на југозапад, Аеродром Редклиф на југг и Аеродром Лонгана во североисток.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Manaro Voui Volcano“. Vanuatu Meteorology and Geohazards Department. 27 September 2017.
  2. Cronin (2004). „Participatory methods of incorporating scientific with traditional knowledge for volcanic hazard management on Ambae Island, Vanuatu“. Bulletin of Volcanology. 66 (7): 652–668. Bibcode:2004BVol...66..652C. doi:10.1007/s00445-004-0347-9.
  3. 2009 Census Summary release final Archived 2013-12-21 at the Wayback Machine - Government of Vanuatu

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]