Алфа Ромео

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алфа Ромео
ПретходникSocietà Anonima Italiana Darracq (SAID)
Oснована24 јуни, 1910 во Милано, Италија
СедиштеТорино, Италија[1]
Опслужувано
подрачје
Светско
Клучни личностиЏон Елкан (претседател)
Харалд Џ. Вестер (извршен одбор)
ДејностАвтомобилска
ПроизводиАвтомобили
СопственикФИАТ
Матично
претпријатие
Автомобилска групација ФИАТ
ПорталAlfaRomeo.com

Алфа Ромео е познат италијански производител на автомобили кој се прославил низ историјата во авто-спортот.[2] Компанијата е основана на 24 јуни 1910 год. во Милано.[3] Во мотоспортот е присутна уште од 1911 година. Од 1932-1986-година е во сопственост на државата, во 1986 година. станала членка на групацијата Фијат. Во февруари 2007 година дошло до реорганизација на групацијата ФИАТ, и таа станува Алфа Ромео автомобили А.Д.[4]

Првобитната фирма подоцна била трансформирана во претпријатие со името САИД (Società Anonima Italiana Darracq). Била основана во 1906 година од францускиот државјанин Александар Дирак и група на италијански инвеститори. Со оглед на лошите резултати од продажбата на крајот од 1909 се формирала нова компанија под името А.Л.Ф.А (Anonima Lombarda Fabbrica Automobili). Првиот модел, 24hp ја здогледал светлината на денот во 1910 година, а бил дизајниран од страна на Џузепе Мероси и веднаш ја започнал својата „тркачка кариера“ на трката Тарга Флорио. Во 1915 година компанија ја превземал Никола Ромео, кој производствената цел и програма на фабриката ја наменил за потребите на војската. Во 1920 името на компанијата е сменето во Алфа Ромео, и под новото име бил правен нов модел на автомобили, Торпедо 20-30HP.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2008 полугодшен финансиски извештај/Алфа Ромео автомобили Торино, стр. 76“ (PDF). 2008. конс. 18-06-2009. 
  2. „Алфа Ромео - Енциклопедија Британика“. library.eb.co.uk. конс. 12-09-2010. 
  3. „Алфа Ромео слави 90 години постоење“. autoweb.com. 2000. конс. 09-01-2009. 
  4. „Алфа Ромео“. fundinguniverse.com. конс. 09-01-2009. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]