Алтокумулус (од лат.alto = „висок“ и cumulus = „куп“[1]) е вид облак од класата на облаци со својствени топчести или валчести слоеви и парчиња. Поединечните елементи се поголеми и потемни од оние на циркокумулусите, а помали од оние на стратокумулусите. Како и останатите кумулусни облаци, алтокумулусот е знак на воздушно струење. Бојата му е бела или сива, и напати се јавува во облик на пластови или парчиња со брановидни, облести маси или свиоци. Овие облаци се предвесници на постудено време, и нивното присуство во топли и влажни летни утра означува грмотевично невреме во подоцнежниот дел од денот.
Еден облик на алтокумулус, наречен altocumulus lenticularis (леќовиден облак) наликува на летечка чинија и затоа понекогаш набљудувачите погрешно го сметаат за НЛО. Алтокумулусите настануваат од 1200 до 6100 м над земјата.