Кумулус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кумулус
Мали кумулус хумилис облаци кои имаат забележителни вертикален развој и јасно дефинирани рабови.
Мали кумулус хумилис облаци кои имаат забележителни вертикален развој и јасно дефинирани рабови.
КратенкаCu
РодКумулус (натрупување)
Вид
  • Фрактус
  • Хумилис
  • Медиокрис
  • Конгестус
Сорта
  • Радијатус
Височина200–2.000 м
Врнежен?невообичаени

Кумулус[1] (латински: cumulus — натрупување) – вид ниски облаци. Се создаваат при интензивни вертикални струења на воздухо, исклучиво од водени капки. Се состојат од натрупувања со бела боја со хоризонтална основа и врв во облик на пласт сено или купа. Даваат ретки и слаби врнежи. Се јавуваат наутро, преку денот достигаат најголемо простирање, а до ноќта исчезнуваат. Се развиваат на висини од 200 до 2.000 метри.

Поделба[уреди | уреди извор]

Кумулусите може да се поделат на неколку видови и подвидови:

  • Cumulus humilis — натрупан слабо развиен
  • Cumulus mediocris — натрупан умерен
  • Cumulus congestus — натрупан моќен
  • Cumulus fractus — натрупан искинат
  • Cumulus radiatus — натрупан зрачест

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „кумулус“ — Дигитален речник на македонскиот јазик

Надворешни врски[уреди | уреди извор]