Алексеј Леонтиев

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алексеј Леонтиев
Роден 5 февруари 1903
Москва, Руска Империја
Починал 21 јануари 1979
Москва, СССР
Занимање психолог

Алексеј Николајевич Леонтиев (5 февруари 1903 - 21 јануари 1979) е еден од најпознатите европски психолози, познат како теоретичар и врвен мајстор на психолошкиот експеримент. Роден е во Москва. Целиот негов живот е поврзан со Московскиот универзитет (поточно Moscow State Lomonosov University). Најпознат е како автор на психолошката концепција за дејноста.

Студиите по психологија ги започнува во 1921 година на Институтот по Филозофија на историско-филолошкиот Факултет. На Институтот по Филозофија, психологија предава Г. И. Челпанов и Леонтиев учи психологија со него. Во 1924 година дипломира Леонтиев и така настанува Факултетoт за општествени науки. Од 1924 до 1930 година соработува со Виготски. Исто така соработува и со Лурија. Во Моска и пошироко тие ја сочинуваат познатата „тројка“. Денес, Леонтиев, Виготски и Лурија се сметаат за гиганти во светската психологија. Во 1940 година докторира и потоа во 1941 година е избран за директор на московскиот Институт за Психологија. Благодарениe на неговата континуирана и напорна работа овој институт прераснува во самостоен факултет во 1966 година. Тој станал прв декан на факултетот и на таа позиција останал се до неговата смрт). Во 1945 година станува член на Академијата на науките. Воедно раководел и со катедрата за општа психологија.

Леонтиев го изучувал развојот на психата, меморијата и вниманието. Понатаму ги пишува своите идеи за дејноста, психата и личноста. Неговата теорија за дејност се темели на голем број истражувања во Русија особено на полето на играта и учењето.

Автор е на повеќе од 230 трудови.

Умира во 1979 година од срцев удар. Во негов дух продолжува и неговиот син А.А. Леонтиев (познат психолингвист) како и внукот Д.А. Леонтиев кој денес е наставник на психолошкиот факултет на Московскиот универзитет.

Починал во Москва.