Прејди на содржината

Алексеевскаја (Московско метро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алексеевскаја

Алексе́евская
Општи информации
МестоАлексеевски
Североисточен административен округ
Москва
 Русија
СопственикМосковски Метрополитен
ЛинииЛинија Калужско-Рижскаја (Московско метро) Калужско-Рижскаја
Перони1
Колосеци2
Поврзана соАвтобус: м2, 33, 414, 561, с585, 714, 903, т14, н9
Тролејбус: 9, 14, 37, 48
Објект
Длабочина51 метри
Нивоа на пероните1
Паркингне
Пристап за инвалидине
АрхитектС. Кравец, Ју. Колесникова и Г. Голубев
Други информации
Код на станицата091
Историја
Отворена1 мај 1958

Алексеевскаја (руски: Алексеевская) — станица на московското метро во Алексеевски, Москва, Русија. Се наоѓа на линијата Калужско-Рижскаја, помеѓу станиците ВДНХ и Рижскаја. Кружниот влез на станицата се наоѓа на источната страна на Проспект Мира помеѓу улиците Староалексеевскаја и Новоалексеевскаја.

Историја

[уреди | уреди извор]

Дизајнирана е од С. Кравец, Ју. Колесникова и Г. Голубев и била отворена на 1 мај 1958 година.

Станицата првично била планирана да биде силно украсена како и претходните станици, но дизајнот бил изменет поради противењето на Хрушчов на непотребните декоративни елементи. Како резултат на тоа, Алексеевскаја има изненадувачки чисти линии за станица изградена во 1950-тите. Нејзините октогонални столбови се од бел мермер со зелени ленти, а сводовите, таванот и вентилационите решетки се обоени во бело. Осветлувањето доаѓа од воздржани, но елегантни лустери.

Од отворањето во 1958 до 1966 година станицата била позната како Мир (руски: Мир) и на тој начин го носела најкраткото име во историјата на московското метро. Во 1966 била прекрстена во Шербаковскаја во 1966 година во чест на Александар Шчербаков, основач на Сојузот на советските писатели. Во ноември 1990 година, градот ја преименувал станицата Алексеевскаја, како историската населба Алексеевское, која некогаш му припаѓала на принцот Дмитриј Трубецкој.[1]

  1. „Какие станции московского метро были переименованы и почему?“. AiF (руски). 2014-04-10. Посетено на 2023-08-05.