Албанска академија на науките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Албанска академија на науките
Akademia e Shkencave e Shqipërisë
AkademiaESHkencaveESHqipërisë.PNG
Лого на академијата
Кратенка ASH
Основана 1972
Тип национална академија
Цел наука, академија
Седиште Тирана, Албанија
Членство 28 членови, 11 придружни членови, 26 почесни членови
Претседател Музафер Коркути
Главно тело Претседателство на Академијата
Мреж. место akad.gov.al/ash/

Албанска академија на науките (албански: Akademia e Shkencave e Shqipërisë) — најважна научна установа во Албанија, основана во 1972 година.[1] Установата ги вклучува најистакнатите научници, исто така наречени „академици“, кои се вклучени во истражувачки центри и други органи во и надвор од Албанија. Академијата има 28 члена,[2] 11 придружни члена[3] и 26 почесни члена[4]

Академијата е составена од два дела:

  • Општествени науки и албанологија
  • Природни и технички науки

Исто така ги вклучува следниве единици:

  • Проекти на технолошки и иновативен развој,
  • Оддел за странски и јавни односи,
  • Библиотека[5]
  • Издаваштво

Албанската академија на науките ја поседува најголемата академска библиотека во земјата. Основана во 1975 година со само 10.000 единици, вклучувала 8.120.000 единици до 1986 година.[6]

Во 2008 година, четири истражувачки институтит (Институт за историја, Институт за археологија, Институт за лингвистика и книжевноста и Институт за фолклор) станале самостојни и го создале Центарот за албански студии.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The World of Learning 2004 By Michael Salzman, Europa Publications ISBN 1-85743-182-0 Page 42 ([1])
  2. http://www.akad.edu.al/index.php?option=com_content&view=article&id=53&Itemid=88
  3. http://www.akad.edu.al/index.php?option=com_content&view=article&id=52&Itemid=89
  4. http://www.akad.edu.al/index.php?option=com_content&view=article&id=52&Itemid=89
  5. http://www.akad.edu.al/index.php?option=com_content&view=article&id=68&Itemid=63
  6. World Encyclopedia of Library and Information Services By Robert Wedgeworth Third Edition ISBN 0-8389-0609-5 Page 41 ([2])
  7. Marenglen Verli (2014-12-28), "Milosao", Histori për botimin e historisë, Gazeta Shqiptare, стр. 16, OCLC 777718670 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]