Аерогел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Парче аерогел во дланка.

Аерогелот е синтетички, порозен, ултралесен материјал изведен од гел во кој течната состојка на гелот е целосно заменета со гас.[1] Тој претставува цврсто тело со многу ниска густина[2] и мала топлинска спроводливост. Уште е познат и како замрзнат чад,[3] цврст чад, цврст воздух, цврст облак или син чад, поради транслуцентната природа и начинот на кој светлината се расејува во материјалот. Силициумскиот аерогелови на допир е како нежен стиропор, додека полимерските аерогелови повеќе изгледаат на цврста пена. Аерогеловите може да се направат од многу различни соединенија.[4]

Првиот аерогел бил создаден во 1931 година од Семјуел Стивенс Кистлер, како резултат на кладба[5] со Чарлс Лернед за тоа кој ќе успее да ја замени течноста во желе со гас без да предизвика собирање.[6][7]

Аерогеловите се произведуваат со екстрактирање на течната состојка од гелот преку суперкритично сушење. Овој процес дозволува течноста да се исуши бавно и не дозволува матрицата на цврстиот материјал да се распадне поради капиларни појави, како што е случајот при обично испарување. Првите аерогелови се произведувале од силикагелови. Кистлер развил методика која ја употребил да призведе аерогелови од алуминиум оксид, хром (III) оксид и калај диоксид.[4] Јаглеродните аерогелови за првпат биле развиени во доцните 1980ти.[8]

Аерогел не е единствен материјал со дадена хемиска формула. Напротив, поимот се користи за група материјали со дадена геометриска структура.[1][8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „IUPAC - aerogel (A00173)“. goldbook.iupac.org. Посетено на 2020-06-27.
  2. „Stardust | JPL | NASA“. stardust.jpl.nasa.gov. Посетено на 2020-06-27.
  3. „Making frozen smoke: Commercializing aerogel fabrication process“. ScienceDaily (англиски). Посетено на 2020-06-27.
  4. 4,0 4,1 says, Elinwa Augustine (2012-08-21). „What is Aerogel? Theory, Properties and Applications“. AZoM.com (англиски). Посетено на 2020-06-27.
  5. „Aerogel: wanna make a bet? – Scientific Scribbles“ (англиски). Посетено на 2020-06-27.
  6. Kistler, S. S. (1931). „Coherent Expanded Aerogels and Jellies“. Nature (англиски). 127 (3211): 741–741. doi:10.1038/127741a0. ISSN 1476-4687.
  7. Kistler, S. S. (1932-01-01). „Coherent Expanded-Aerogels“. The Journal of Physical Chemistry. 36 (1): 52–64. doi:10.1021/j150331a003. ISSN 0092-7325.
  8. 8,0 8,1 Pekala, R. W. (1989-09-01). „Organic aerogels from the polycondensation of resorcinol with formaldehyde“. Journal of Materials Science (англиски). 24 (9): 3221–3227. doi:10.1007/BF01139044. ISSN 1573-4803.