Адоби (поток во округот Санта Клара, Калифорнија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пеликани, гуски и други птици покрај потокот Адоби во 2003 година.

Потокот Адоби (англиски: Adobe Creek) е поток во должина од 22,9 km[1] кој тече кон север. Изворот му е близу врвот Црна Планина во округот Санта Клара, Калифорнија, САД. Потокот тече низ градовите Лос Алтос Хилс, Лос Алтос и Пало Алто. Во минатото, Адоби никогаш не пресушувал и во него се мрестела челичноглавата пастрмка, која влегувала низводно од југозападните делови на Санфранцискиот Залив.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The National Map - Advanced Viewer“. viewer.nationalmap.gov. Архивирано од изворникот на 2012-03-29. Посетено на 2020-05-09.