Прејди на содржината

Агенција за санација на банка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Агенцијата за санација на банка била специјализирана државна институција, основана во рамките на процесот на санација на банкарскиот систем на Македонија.

Историјат

[уреди | уреди извор]

Агенцијата била формирана во 1994 година од страна на Владата на Македонија, при што почетниот капитал бил обезбеден од државниот буџет. Основната функција на Агенцијата за санација била да ги преземе и да управува со лошите кредити што биле претходно отстранети од билансите на македонските банки.

Органи на управување со Агенцијата биле:

  • управен одбор, составен од седум членови, кои ги именувала Владата, со мандат од четири години, и
  • директор, исто така, именуван од страна на Владата.

Управниот одбор бил задолжен за донесување на финансискиот план, статутот, годишната пресметка, извештајот за работењето и сл., додека директорот ја организирал работата на Агенцијата. Надзор над работењето на Агенцијата вршеле Владата и Собранието, кои ги усвојувале финансискиот план и годишната пресметка. Прв директор на Агенцијата бил Панче Манчевски.[1]

Во 2001 година, името на Агенцијата било променето во „Агенција на Република Македонија за управување со средства“, чија основна функција била да управува со имотот (уделите) на државата во приватизираните претпријатија. Во 2003 година, Агенцијата престанала со работа.[2]

Активности

[уреди | уреди извор]

Агенцијата за санација на банка ги презела лошите (ненаплатливи) побарувања од банките кон 300 трговски друштва и јавни претпријатија. Притоа, нејзиното портфолио се состоело од два вида побарувања, и тоа:

Бидејќи најголем дел од лошите кредити биле концентрирани во Стопанска банка АД Скопје, во 1995 година, Агенцијата издала обврзница за санација и реконструкција на банката. Обврзницата имала рок на достасување од 15 години, гласела на доносител и била со месечна исплата на каматата, а годишна исплата на главницата.[3]

Форми за наплата на побарувањата

[уреди | уреди извор]

За наплата на лошите кредити што биле преземени од банките, Агенцијата ги извршувала следниве активности:[4]

  • наплата на кредитите според склучените договори со претпријатијата-должници,
  • предвремена наплата на кредитите со одреден дисконт,
  • репрограмирање на кредитите,
  • продажба на преземените побарувања,
  • претворање на побарувањата во влогови во претпријатијата-должници,
  • активирање и наплата на хипотеките, и
  • започнување постапки за ликвидација и стечај на претпријатијата-должници.
  1. „Панче Манчевски (1946-2023)“, „Независен“, 1.5.2023.
  2. Љупчо Трпески, Пари и банкарство, Economy Press, Скопје, 2003, стр. 560-563.
  3. Кики Мангова Поњавиќ, Ванчо Каргов, 60 години централно банкарство во Република Македонија, Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006, стр. 141-145.
  4. Љупчо Трпески, Пари и банкарство, Economy Press, Скопје, 2003, стр. 560-563.