Џуџест шнауцер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џуџест шнауцер
Sznaucer miniaturowy biały 64.jpg
џуџест шнауцер со бело крзно
Други називи германски: Zwergschnauzer (Dwarf Schnauzer)
Потекло Германија
Особености
Тежина Мажјак 5 - 8.2 кг
Женка 4 - 6.8 кг
Висина Мажјак 36 цм
Женка 33 цм
Крзно Грубо кога се земени во раце, меко и кадраво кога е слободно
Боја црна, црно-бела, црно-сребрена и бела
Животен век 12 до 14 години
куче (Canis lupus familiaris)

Џуџест шнауцер е раса на кучиња од врстата шнауцер. Овие кучиња потекнуваат од Германија, каде почнале помасовно да се одгледуваат кон крајот на 19 век. Џуџестиот шнауцер се добил со вкстување на расата обичен шнауцер со некои помали кучиња како пудлица или афенпинчер.[1]

Овој вид кучиња се едни од најпопуларните домашни миленици,[2] најмногу поради нивната неагресивност и релативно мала големина. Крзното на малиот шнауцер може да биде во четири бои: црна, црно-бела, црно-сребрена и бела.

Историјат[уреди]

Самото име шнауцер е релативно од понов датум, но историјата на оваа раса е постара. Предците на денешниот шнауцер можеме да ги сретнеме на сликите на познати уметници. Се тврди дека шнауцерот спаѓа во групата на најстари големи кучиња, бидејќи постојат докази дека тој со човекот ловел и чувал стада уште 3000 година пред нашата ера. Уште од тогаш овие кучиња биле припитомени. Тоа биле вистински домашни кучиња кои живееле и делеле заедничка судбина со човекот. Точниот развој на шнауцерот останал непознат, но секаде каде се наоѓале човечки населби во близина на вода или по долините на реките, се наоѓало и малото куче со издржлива градба.

Изглед[уреди]

Џуџестиот шнауцер е помал облик на средниот шнауцер и нема ниту еден знак на џуџест раст. Спаѓа во складно градените мали кучиња. Поедини карактеристики стандардни за расата, како што се главата, гризот, ушите, опашката и шепите одговараат на описот на другите шнауцери, а истото важи и за бојата на влакното. Може да биде сосема црн, да има боја на бибер и сол, сребренкаст или сосема бел.

Наводи[уреди]

  1. „Miniature Schnauzer History“. „AKC.org“. http://www.akc.org/breeds/miniature_schnauzer/history.cfm. конс. 22 август 2008. 
  2. „AKC Dog Registration Statistics“. „AKC.org“. 2008. http://www.akc.org/reg/dogreg_stats.cfm. конс. 28 февруари 2009. 

Надворешни врски[уреди]