Џузепе Парини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Џузепе Парини (италијански: Giuseppe Parini, 1729 - 1799) бил италијански поет.

Биографија[уреди | уреди извор]

Парини е роден во малото место Бозизио.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Во 18 век, Парини бил познат сатиричен поет во Италија. Неговото најважно дело е „Ден“ во кое ги исмејува обичаите и навиките на повисоките општествени слоеви во неговото време.[2]

Значење и влијание[уреди | уреди извор]

Во своето дело „Парини или за славата“, италијанскиот поет Џакомо Леопарди го оценува Парини како еден од ретките Италијани кои совршеноста на пишувањето ја споиле со длабочината на мислата, со широките познавања и со употребата на философијата. Исто така, според Леопарди, Парини бил човек со единствена чистота на карактерот, милост кон несреќните и љубов кон татковината, искреност кон пријателите, како и со благородност и цврстина на душата во однос на спротивностите на природата и судбината.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Beleške“, во: Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, str. 125.
  2. „Beleške“, во: Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, str. 124.
  3. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 74.