Џовани Пасколи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џовани Пасколи
Giovanni Pascoli
Роден/а31 декември 1855(1855-12-31)
Сан Мауро Пасколи, Италија
Починат/а6 април 1912(1912-04-06) (возр. 56)
Болоња, Италија
ПочивалиштеКастел векио Пасколиa
ЗанимањеПоет, научник.
Книжевно движењеСимболизам, Декаденцизам
Потпис

Џовани Пласидо Агостино Пасколи (италијански: Giovanni Pascoli), (31 декември 1855, Сан Мауро Пасколи6 април 1912, Болоња), бил италијаски поет, научник и истакната фигура на италијанската литература кон крајот на XIX век. Тој бил, заедно со Габриеле Д’Анунцио, најголемиот италијански декадентен поет[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Џовани Пасколи е роден во Сан Мауро ди Ромања преименувана во Сан Мауро Пасколи во негова чест во 1932 година. Потекнувал од добростоечко семејство. Рано го изгубил својот татко, кој бил убиен од непознат убиец и неразјаснети причин. Подоцна ја изгубил и мајка си. Имал тешко и несреќно детство. Тоа ќе се одрази во подоцнежното негово творештво.

Во 1871 година се пресели во Римини со со неговите шест браќа. Тука се дружел со Андреја Коста, учествувал во демонстрациите на Италијанска Социјалистичка партија.

Пасколи студирал на Универзитетот во Болоња.

Во меѓувреме, тој започнал да соработува со списанието „Вита Нуова“, каде ги објавил своите први песни подоцна собрани во збирката„Мирија“.

Во 1894 година Пасколи бил повикан во Рим за да работел во Министерството за јавни инструкции, и таму ја објавил првата верзија на „Убедливи поеми “. Подоцна живеел во градовите:во Болоња, Фиренца и Месина, но останал секогаш приврзан кон неговото првобитно, идеализирано селско потекло.

Од 1897 до 1903 година предавал латински јазик на Универзитетот во Месина, а потоа и во Пиза а подоцна и италијанска литература на Универзитетот во Болоња[2].

Поетика[уреди | уреди извор]

Иако тој не бил активен учесник во ниту едно книжевно движење од тоа време, ниту покажал посебна тенденција кон современата европска поезија, тој во своите дела манифестирал спиритуалистички и идеалистички тенденции, типични за културата кон крајот на XIX век[3].

Во почетокот неговите песни навидум биле едноставни, особено фокусирани на домашниот живот и природата. Сепак, Пасколи, дури и во тој период на Позитивизам, верувал дека животот е мистерија.

Пасколи го напушти грандиозниот јазик и реторика од претходната ера, инспириран од секојдневниот живот и обичните нешта.

Подоцнежните песни на Пасколи имаат слични теми, но се по експериментални и го рефлектирале неговото знаење за антиката.

Тие имаале големо влијание врз подоцнежните италијански поети, вклучувајќи ги и неговите меланхолични теми .

Поезијата на Пасколи содржи аналогија и синестеза како и истражувања кон современиот поетски јазик.

Пасколи бил познат и како есеист, истакната е неговата студија за Данте[4].

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Мирика (1891)[5].
  • Римска Лира (1895)
  • Момчето (1897)
  • Мисли за поетската уметност“ (1897)
  • Епос (1897)
  • Поемети (1897)
  • Темната Минерва (1898)
  • Околу темната Минерва (1899)
  • Под превезот (1900)
  • На работ “(1900)
  • Расцветани цвеќина (1901)
  • Восхитувачката визија (1902)
  • Песни на Кастелвекио (1903)
  • Први песни (1904)
  • Поволни песни (1904)
  • Омрази и химни (1906)
  • Песни на Кастелвекио (финално издание, 1906)
  • Мисли и говори“ (1907)
  • Песни на кралот Ензио (1909)
  • Нови песни (1909)
  • Големиот пролетер се пресели (1911)
  • Италијански песни (1911)
  • Различни песни (1912)
  • Песни на Рисоргименто (1913)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Giovanni Pascoli
  2. Giovanni Pascoli: riassunto della biografia e delle opere dell'autore
  3. Pàscoli, Giovanni. - Poeta
  4. „GIOVANNI PASCOLI“. Архивирано од изворникот на 2015-05-22. Посетено на 2020-07-24.
  5. poesie[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]