Прејди на содржината

Џејмс Бонд: Операцијата Гром (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Џејмс Бонд: Операцијата Гром е филм за тајниот агент Џејмс Бонд, во режија на Теренс Јанг.

Факти за филмот

[уреди | уреди извор]

Филмот е режиран од режисерот Теренс Јанг, а главните улоги ги толкуваат Шон Конери, Клодин Оже, Адолфо Чели, Лучана Палуци, Дезмонд Левелин, Рик ван Нутер и Бернард Ли. Овој филм, снимен во 1965 година, е четвртото продолжение на циклусот посветен на тајниот агент Џејмс Бонд. Тој е е еден од најпопуларните филмови за Џејмс Бонд, а главна одлика се бројните спектакуларни сцени. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во четири категории, а ја освоил наградата за најдобри визуелни ефекти. Инаку, филмот е снимен според романот на Јан Флеминг „Операцијата Гром“.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажуваат настојувањата на Џејмс Бонд да ги пронајде двете јадрени бомби на НАТО, кои ги украла терористичката организација „Спектра“, која бара откуп од 100 милиони долари за да не ги уништи Лондон и Мајами. Во потрагата по бомбите, Бонд пристигнува на Бахамите, каде го очекуваат бројни изненадувања.[1]

  1. 1,0 1,1 Антена, бр. 802, 8.11.2013, стр. 3.