Џеназа

Од Википедија — слободната енциклопедија
После џеназа во џамијата Месџид ел-Харам во Мека

Џеназамуслимански верски обред каде се врши погреб едно или повеќе луѓе. Се состои од „џеназа-намаз“ (заедничка молитва) и самиот погреб. За разлика од другите молитви, џеназа-намазот се клања само стоејќи. Го води имамот, кој стои пред џематот свртен кон покојникот, додека десната страна на покојникот е свртена кон киблата, а левата страна е свртена кон присутните.

Опис на обредот[уреди | уреди извор]

Обредот почнува со т.н. почетен текбир (Алаху екбер - „Алах е најголем“), по што се чита Субханека, потоа се кажува уште еден текбир, по што се чита салаватот (благослов на Мухамед, повторно текбирот и по него џеназетската дова. Завршува со текбир и предавање на селамот десно, а потоа лево (начинот на кој муслиманите ја завршуваат молитвата). Овие 4 текбири имамот ги изговара гласно, а останатите џематлии во себе (во некои правни школи на исламот исто така гласно).

Покојникот од гасулханата (просторијата за опремување на покојникот) до местото за клањање на џеназата и местото на погребот го носат присутните,при што учествуваат сите. Доколку местото на клањање на џеназата и погребот е подалеку, мејтот се превезува со возило, а присутните го следат.

И во самото погребување учествуваат сите присутни. На погребот учествуваат само мажи.

Она што е ковчег за христијаните, тоа е табут за муслиманите: од пет страни штици и одозгора платно.

По погребот, имамот или повеќемина од нив ја рецитираат ашера (извадоци од Куранот; последните два ајети од сурата Ал-Бекара), сура Ихлас три пати, сура Фелек, Нас и Фатиха, потоа „Елиф-лам-мим“ (почеток на Ал-Бакара) и завршува молитвата, со што завршува и погребот.