Ќерамидна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ќерамидна е населба во новиот дел на градот Велес од десната страна на реката Вардар. Сместена е на подножјето на ридот Гроот и долот во кој се спојува со ридот Вршник во западниот дел на градот. Името го добила по фабриката за ќерамиди „Киро Ќучук“ која се наоѓа во непосредна близина. Во целост е населена исклучиво само со Македонци. Составена е од семејни куќи од десната страна на пругата Велес - Прилеп - Битола.