Љубовен случај или трагедијата на службеничката на ПТТ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Љубовен случај или трагедијата на службеничката на ПТТ (српски: Љубавни случај или трагедија службенице ПТТ) - југословенски филм од 1967 година, во режија на Душан Макавеев. Главните улоги ги играат: Ева Рас, Слободан Алигрудиќ, Ружица Сокиќ и Миодраг Андриќ - Љуба Мољац. Филмот, кој спаѓа во југословенскиот црн бран, е исполнет со метафори и асоцијации на гнилото социјалистичко општество поради што бил во немилост на тогашната власт. Инаку, тој стекнал голема популарност во Југославија и во странство, а особено е позната сцената со голата Ева Рас и со црната мачка.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Една млада службеничка во поштата (ја игра Рас) почнува љубовна романса со сериозен млад маж (го игра Алигрудиќ). Меѓутоа, за време на неговото службено отсуство, таа се впушта во љубовна врска со колегата од работата (го игра Андриќ) и останува бремена. По враќањето на нејзиното момче од службениот пат доаѓа до судир меѓу нив во кој тој ја убива девојката.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]