Јулија Санина
Јулија Санина | ||
Роден | Јулија Олександривна Холован
11 Октомври 1990 (години 33) |
---|
Јулија Олександривна Бебко е родена на 11 октомври 1990 година), професионално позната како Јулија Санина, е украинска пејачка и вокалист на украинскиот алтернативен рок бенд The Hardkiss.
Биографија
[уреди | уреди извор]Санина е родена во семејство на музичари[1] на 11 октомври 1990 година во Киев, Украинска ССР, Советски Сојуз. Таа за прв пат настапила на сцената кога имала три години, нејзиното пеење потоа било придружено од ансамбл што го раководел нејзиниот татко. На крајот почнала да настапува како соло вокал, и како еден од членовите на детскиот бенд и џез биг бендот.
Во 2005 година дипломирала на Музичкото училиште за џез уметност. Подоцна влегла во Филолошкиот институт на Киевскиот универзитет Тарас Шевченко во Киев и магистрирала на фолклорни студии во 2013 година.[2] Додека студирала на колеџ, таа пројавила интерес и за новинарство.[3]
Од 2006 до 2008 година, таа била вокал во бендот Sister Siren.[4]
Во септември 2011 година, Санина и музичкиот продуцент Валериј Бебко создадле поп дует Вал и Санина, кој изведувал песни на руски јазик. Тие снимиле експериментален видео клип и неколку песни, една од нив Љубовта дојде, текст: Роберт Рождественски, музика: Рајмондс Полс).
Набргу откако го подобриле својот сценски имиџ и го смениле името на нивниот бенд во The Hardkiss. Тие, исто така, почнале сами да пишуваат песни на англиски и го направиле нивниот звук потежок.[3] Во есента 2011 година тие објавиле неколку нови песни и го снимиле нивниот деби-клип „Вавилон“. На крајот на октомври 2011 година The Hardkiss го отвориле концертот за британскиот бенд Hurts.[5] Подоцна истата година објавиле уште еден видео клип „Танц со мене“, кој дури се емитувал на водечките музички канали.
Во февруари 2012 година, тие потпишале договор со брендот Sony BMG. Бендот брзо почнал да се здобива со популарност и освоил неколку награди во Украина, како и во други странски земји. Во 2014 година, Санина почнала да поставува видео блогови за нејзиниот живот и животот на бендот зад сцената на нејзиниот канал на ЈуТјуб.[6][7] Во 2016 година, Санина станала еден од четворицата судии на седмата серија на „Х Фактор Украина“.[8]
Санина била водител на Изборот за песна на Евровизија 2023 година во Ливерпул заедно со Алеша Диксон и Хана Вадингем и со Греам Нортон кој им се придружил во финалето.[9]
Во 2023 година, било објавено дека Санина ќе биде тренер на тринаесеттата сезона на Гласот на Украина, која почнувала од септември 2023 година.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Санина се омажила за Валериј „Вал“ Бебко, креативен продуцент и главен гитарист на The Hardkiss, во 2011 година со традиционална венчавка во украински стил.[3] Двојката се запознала во 2009 или 2010 година кога Санина го интервјуирала Бебко, кој во тоа време бил продуцент на МТВ Украина,[5] но нивната врска ја чувала скриена до 2014 година.[3] Првото дете на парот, Данило, е родено на 21 ноември 2015 година.[10]
Стил
[уреди | уреди извор]Санина посветува многу внимание на својата облека за настапи. Стилистите како Слава Чајка и Виталиј Дациук создаваат облека за сите членови на The Hardkiss. Бендот тесно соработува и со млади дизајнери (Иванова, Бех, Надија Џиак, Ануки Бичола итн.).[11] Санина многу се восхитува на работата на Александар Меквин, Вивиен Вествуд и Герет Пју.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ЮЛІЯ САНІНА“ (украински). TheUkrainians. 2016-12-19. Посетено на 2019-03-28.
- ↑ „Юлия Санина (The Hardkiss) стала магистром филологии“ (руски). joinfo.ua. 2013-07-01. Посетено на 2019-03-28.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Ирина Татаренко (2014-06-22). „Солисты The Hardkiss Юлия Санина и Валерий Бебко впервые рассказали о своей свадьбе: интервью Viva!“ (руски). Viva!. Посетено на 2019-03-28.
- ↑ „День народження Юлії Саніної: кращі пісні The Hardkiss“ (украински). znaj.ua. 11 October 2017. Посетено на 2019-03-28.
- ↑ 5,0 5,1 „Yulia Sanina: Strong, authentic voice of The Hardkiss wins fans, shakes up music scene“ (англиски). Kyiv Post. 2016-12-01. Посетено на 2019-03-28.
- ↑ „Солістка гурту The Hardkiss запустила власний відеоблог“ (украински). www.aif.ua. 2014-12-23. Архивирано од изворникот на 2014-12-25. Посетено на 2019-03-28.
- ↑ „The HARDKISS – Guten Morgen – 18.03.2014“. YouTube. Посетено на 2019-03-28.
- ↑ „Идея для новогодней вечеринки: 8 образов Юлии Саниной“ (руски). Vogue Ukraine. 2016-12-27. Посетено на 2019-03-28.
- ↑ „Eurovision 2023: Hosts revealed for Liverpool“ (англиски). 2023-02-22. Посетено на 2023-02-22.
- ↑ Габрук Майя (2016-04-16). „Учасниця гурту "THE HARDKISS" Юлія Саніна хрестила сина (фото)“ (украински). Glamurchik. Посетено на 2019-03-28.
- ↑ „Интервью : Юлия Санина и группа The Hardkiss“ (руски). look.tm. 2012-09-12. Архивирано од изворникот на 2014-08-05. Посетено на 2019-03-28.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јулија Санина на Ризницата ?
- The HARDKISS Vlog
Претходник Алесандро Кателан, Лаура Паусини и Мика |
Водител на Евровизија 2023 |
Наследник Petra Mede and Malin Åkerman |