Јосиф Карајовански
Изглед
Јосиф Карајовански | ||
Роден | 1899 година Дебел Даб, Влахи, Пиринска Македонија, денеc Бугарија | |
---|---|---|
Националност | Македонец |
Јосиф Карајовански ( 1899роден во Дебел Даб, Пиринска Македонија, Бугарија — ? ) — македонски борец за човекови права, активист за обединета и независна Македонија. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Бил предан јатак, помагал во криењето на илегалната чета на Герасим Тодоров, ја помагал материјално надвор од своите можности и сè што било во негова сопственост (вклучувајќи го и својот дом), го ставил на располагање на четата. Осуден е на петнаесет години строг и темничен затвор. Во затворите и лагерите на островот Персин (логорот Белене), одлежал околу осум и пол години. Јосиф важел за стар македонски борец.[1]