Јосиф Ќурчиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јосиф Ќурчиев
Роден 1948
Починал 18 ноември 2011
Скопје, Македонија Македонија
Занимање новинар, колумнист и публицист

Јосиф Ќурчиев - Брада ( 1948 - Скопје, 18 ноември 2011) — македонски новинар и колумнист, долгогодишен соработник на Македонската редакција на Дојче Веле, како и нејзин дописник од Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Со новинарство Ќурчиев започнал да се занимава од 1970 година, како новинар во Радио Скопје, каде што бил уредник на информативни програми и новинар во надворешно-политичката редакција. Ќурчиев ги уредувал и водел емисиите на Дојче веле на македонски јазик.

Ќурчиев бил и колумнист во „Утрински весник“ и публицист. Во 2009 година ја добил и наградата „Жан Моне“ на Европската комисија, која се доделува за анализи и коментари на теми од ЕУ. Починал во Скопје на 18 ноември 2011 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Почина Јосиф Ќурчиев“. Deutsche Welle. 19 ноември 2011. Посетено на 4 декември 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]